Цивил МЕДИА на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за стопирањето на изградбата на нов Клинички центар?
Одговорите на ова прашање беа разнолики, од тоа дека власта ќе чека граѓаните да умираат по улиците, до тоа дека не ни треба нов клинички центар туку нови патишта. Секако имаше и иронични коментари.
Во прилог ви пренесуваме само дел од тие коментари на граѓаните:
-
Новиот треба да се стопира а стариот да се урне, само така светот ќе се спаси од Македонците!
-
Се осеќаат неспособни да го градат!
-
Според Клековски, малку ни останало!!! Не е исплатливо финансирање… а и УСАИД го разнишаа.
-
Се стопира нешто ако почнало… Изградбата на Клиинички не е стопирана оти не ни отпочната… А изградбата на нов Клинички е мантра на сите пред избори веќе 30 години, а откако ќе дојдат на власт, без разлика која партија е во прашање, сите ја забораваат…
-
Најголема глупост! Досега ќе се изградеше ако тогашната опозиција, а сега на власт, дадеше поддршка и не блокираше.
-
Не се способни да издејствува гранд пакет финансиска помош.
-
Битно е да имаме патишта, а не Клинички центар.
-
Многу поважно е да се вложува во енергетика.
-
Колку пенали ќе плаќа државата заради неодговорноста на политичарите. Тој што потпишал да сноси последици по својот имот и имотот на фамилијата.
-
Нема потреба – државата ни се празни, може приватните сибјекти да се вклучат во јавното здравство соодветен начин.
-
Што ќе ни е, ете имаме воз Скопје-Кумсново.
-
Освен Скопје 2014, со многу испрани пари за стиропор зданија, што изградиле вемеро?
-
Мислам дека чекаат да почнеме да умираме по улици. А они горди!
Д.М.
Фото: ВИ