Министерот за одбрана Владо Мисајловски кој вчера и денеска учествува на Минхенската безбедносна конференција во Германија како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денес, на покана на министерот за одбрана на СР Германија, Борис Писториус присуствувал на работен ручек заедно со колегите министри за одбрана и високи воени претставници од сојузничките и партнерските земји, каде свое обраќање имал парламентарниот државен секретар за одбрана на Германија, Томас Хичлер.
– Заеднички приоритет е што поскоро воспоставување мир и загарантирана безбедност на сите граѓани, објави министерот Мисајловски на неговиот фејсбук профил.
Како што соопшти претходно Министерството за одбрана, Мисајловски денеска средбите ги почнал со заменик помошникот секретар за одбрана на САД, Дејвид Бејкер, со кого разговарал за актуелните политики во однос на регионалната и глобалната безбедност и за модернизацијата и опремувањето на македонската Армија.
М. Д.