• Latest

Zero Discrimination Day: Во Македонија дискриминацијата поминува неказнето!

March 1, 2017
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Zero Discrimination Day: Во Македонија дискриминацијата поминува неказнето!

March 1, 2017 14:09
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 1-ви Март, Меѓународниот ден на нула дискриминација- Zero Discrimination Day, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Петрит Сарачини од ЦИВИЛ – Центар за слобода, според кого, дискриминацијата е сé поприсутна во македонското општество, а најголем проблем е што поминува неказнето.

„За жал, дискриминацијата е сеприсутна во нашата земја и повторно, за жал, таа со години поминува неказниво и не се адресира соодветно од институциите. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е претворена во партиско тело, кое воопшто не презема ништо значајно за справување со овој проблем, а луѓето од таа Комисија ги гледаме и самите како јавно, на јавни собири, поттикнуваат поделби и дискриминација. За разлика од порано, веројатно највидлива сега е политичката дискриминација, а како и порано, кај нас дискриминацијата е сè уште честа и во поглед на етничката припадност, припадноста на маргинализирани групи и социјално загрозените категории на граѓани. Ќе повторам, сé додека царува неказнивоста, дискриминацијата во нашата земја нема да се намалува! Напротив, ќе расте“, смета Сарачини.

ЦИВИЛ Медиа, разговараше и со Александра Филиповa од Младинскиот образовен форум, каде во изминатиот период подготвија документ за јавни политики што се однесува на дискриминацијата на универзитетите.

Александра Филиповска, МОФ

„Иако постојат повеќе механизми за заштита од дискриминација во високото образование, Комисија за студентски жалби и поплаки, Студентски правобранител и Студентски парламент, сепак, во однос на овие тела, спорно е нивното транспарентно функционирање и бранење на интересите на студентите. Во однос на Комисијата за студентски жалби и поплаки, во периодот од 2013 до 2016 година, нема поднесено ниту една претставка за дискриминација на член на академската заедница, а во однос на останатите две тела при Универзитетот Кирил и Методиј, наменети за застапување на интересите на младите, анализата на МОФ покажува колизија меѓу нивното работење и нивните интерни правни акти, како и правните акти на Универзитетот“, вели Филиповска во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

Истражувањето од 2013-та година покажува дека членовите на академската заедница го препознаваат проблемот, односно 26% од испитаниците препознале дискриминација по основа на пол, кога факултетот избирал личност за професор или за асистент. Дури 51,5 % од студентите на УКИМ забележале дискриминација врз основа на партиска определба, кога бил вршен избор за професор или асистент, а 31,8% од нив го забележале овој вид дискриминација, но врз основа на етничка припадност и јазик.

Што се однесува до пријавите, има минимален број на поднесени претставки, односно, до Комисијата за заштита и спречување од дискриминација се поднесени само две претставки за дискриминација во високото образование од 2013 до 2016 година, кај Народниот правобранител бројот на вакви претставки е мал, а извештаите не ги содржат целосните причини за поднесување на претставките. Ова се податоците кои ги покажува истражувањето кое го спроведе МОФ.

„Затоа ние сметаме дека е неопходно да се формира Комисија за заштита од дискриминација во рамки на универзитетите. Оваа Комисија ќе има за задача да спроведува истражувања и да ги испита состојбите во високото образование во однос на дискриминација, ќе може да решава и да работи по поднесени претставки, ќе има за задача да организира работилници, обуки и кампањи за подигање на свеста и знаењето на членовите на академската заедница за дискриминацијата и за можните механизми за нејзино препознавање и заштита. Како тело кое ќе функционира во склоп на академската заедница, и само за потребите на високото образование, ќе може лесно да се прилагоди и да изврши увид на моменталната ситуација и план како да се унапреди и да се работи на тоа, што претставува огромен потенцијал за решавање на проблемот“, вели Филиповска, презентирајќи ги препораките од спроведеното истражување.

Марија Теговска

Tags: Александра ФилиповскадискриминацијаКомисија за заштита од дискриминацијаМОФПетрит СарачиниУКИМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ