• Latest

Мицкоски: Ни Албанци, ни Роми, ни Турци… никој не сака да работи во администрација за 25.000 денари

February 27, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицкоски: Ни Албанци, ни Роми, ни Турци… никој не сака да работи во администрација за 25.000 денари

February 27, 2025 13:34
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски повика да има што повеќе квалитетни  Албанци во јавната администрација, но, рече, проблем денес е да се најдат такви,  без разлика на нивната етничка припадност, што ќе работат за плата од 25 илјади.

-Јавно повикувам да има што повеќе апликанти Албанци, што повеќе апликанти Турци, Роми, Власи, Срби Бошњаци, да влезат во јавната администрација. И не сум заробеник на проценти. Само да има квалитетни кои се мотивирани да работат, веднаш, утре да почнат да работат. Не се пријавуваат, нема интерес. Никој нема да дојде за 25 илјади денари плата… Имаме отворени конкурси и молиме луѓе да се вработат, не сакаат бидејќи имаат подобра и подобро платена работа.  Еве, јас би сакал сега во мојот кабинет да дојдат за таа плата што ја има, сѐ Албанци да бидат. Нема. Не се заинтересирани, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи и на пратеничката Рина Ајдари од ДУИ која праша дали се усогласени владините партнери за вработувања по етнички клуч во  јавната администрација.

Мицкоски рече дека на државата и се потребни стручни и квалитетни луѓе, но тоа да не бидат вработени кои не оделе на работа, а добивале плата, како во Лотарија чиј директор, рече, е во бегство.

-Никој нема да дојде за 25 илјади денари и знаете зошто? Затоа што еден друг бегалец, кој е на црната листа, мислеше дека  оваа држава е негова своина и си играше фудбалчиња, па по малку си работеше во Лотарија, па по малку си изнајмуваше простории кои ги натплаќаше десет пати повеќе од пазарната сума, па малку повеќе си купуваше објекти во центарот на Скопје, туристички агенции за неговото семејство итн. итн. И така се празнеше и се цицаше државниот буџет којшто сега не може да си дозволи поголема плата и поголеми примања за да можеме да бидеме атрактивни како сектор и да има повеќе Албанци кои ќе доаѓаат на работа, кои ќе бидат мотивирани и ќе сакаат да работат и коишто ќе придонесуваат за нашата заедничка унитарна држава. Но, не на принципот на Лотарија каде што имало десетици, да не речам стотици кои земале плата, а не иделе на работа, па самите си отидоа. И можам такви примери да ви редам илјадници,  рече Мицкоски одговарајќи и на пратеничката од ДУИ.

Соопшти дека рамката на идниот закон „кој ќе обезбеди вистинска правична застапеност во администрацијата“ е готова уште пред Нова година и дека решението ќе биде уставно и нема да биде предмет за политичка дебата и собирање политички поени.  За да не биде како претходниот закон, рече Мицкоски, кој Уставниот суд го укина, „туку да биде во согласност со Уставот за да биде апликативен“. Најави дека законот ќе биде наскоро готов и пред да оди во собраниска процедура ќе биде даден на мислење пред Венецијанската комисија.

Но, се плашам, додаде Мицкоски, „дека најбрилијантниот закон да го донесеме, нема да најдеме Албанец кој ќе работи за плата од 25 илјади денари кога може на слободниот пазар барем двапати повеќе да добие“.

Мицкоски порача за државата да оди напред „работите треба да ги гледаме државнички“, затоа што „ако секој етникум се заврти кон себе и работите ги гледа низ својата оптика како му одговара, тогаш еден ден можеби повеќе нема да зборуваме за унитарна држава“. 

Фото: принтскирн

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ