• Latest

СДСМ: Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка, пратеничка, и шири дискриминација не заслужува да води министерство

February 28, 2025

Дискредитирана украинска пратеничка во служба на руската пропагандна машинерија и нејзините сателити

August 10, 2025

Пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на Зеленски од функцијата

August 10, 2025
фото: принтскрин Жаре Стеваноски

МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

August 10, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Активни четири пожари

August 10, 2025
Фото: принтскрин ТВ 21

Убиство во Тетово

August 10, 2025
Фото: Скриншот Х

Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на Газа

August 10, 2025
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

August 10, 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува полицијата за партиски цели во Демир Хисар за заплашување пред избори

August 10, 2025

ВЛЕН: Единствената „победа“ за Османи беше приемот на рускиот министер Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје

August 10, 2025

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

August 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка, пратеничка, и шири дискриминација не заслужува да води министерство

СДСМ ќе иницираат законски измени или кодекс што ќе ги санкционира дискриминаторските навреди и говорот на омраза во институциите, особено од високи функционери.

February 28, 2025 13:08
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оставка од министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска побараа од СДСМ поради изречени навреди кон пратеничката Славјанка Петровска на вчерашната седница на Собраниетo.

На прес-конференцијата пред Министертсвото за финансии, пратеничката Јованка Тренчевска истакна дека искажаните зборови од министерката не биле навреда само кон Петровска, туку кон секоја жена и човек што некогаш бил дискриминиран, омаловажен или повреден.

-Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас, тоа е ароганција, тоа е дискриминација, тоа е нечовечност. Наместо извинување и признание на грешката, Кочоска и ДПМНЕ продолжија со нападите врз Славјанка Петровска. Наместо да покажат барем трошка почит и човечки да се извинат, тие одлучија да ја нападнат Славјанка уште повеќе, ја обвинија дека глуми жртва, истакна Тренчевска.

Од СДСМ нагласија дека владејачката партија и министерката не ги разбираат вредностите на современото оштество и болката од ваквиот однос, не признаваат грешка, бегаат од одговорност и вината ја бараат кај жртвата наместо кај сторителот. Исто така, упатија забелешка и за однесувањето на однесувањето на потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска.

– Денеска сме тука за гласно и јасно да побараме, Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Министерката која понижува граѓанка на оваа држава, која навредува пратеничка, која шири дискириминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во Влада која тврди дека работи за граѓаните. Оставка ќе бараме секој ден, додека не си оди од функцијата. Само така можеме да ги заштитиме граѓаните од идна дискриминација. Сведочевме сите на еден срамен молк. Изостана реакцијата од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, иако до вчера беше претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Бендевска не кажа ниту збор, ниту реагираше, додаде Тренчевска.

Таа најави дека СДСМ ќе побара итна седница на Комисијата за дискриминација на која ќе се расправа за однесувањето на Кочоска и за поширокиот проблем на дискриминација во институции врз основа на полова припадност. Исто така, ќе иницираат законски измени или кодекс што ќе ги санкционира дискриминаторските навреди и говорот на омраза во институциите, особено од високи функционери.

Фото и видео: СДСМ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ