• Latest

Мицкоски категоричен дека не планира да се гласаат уставните измени се додека Бугарија не ги заврши преземените обврски

March 14, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Политички наратив и како функционира

August 9, 2025

Трговците, производителите и дистрибутерите на средба кај Дурмиши за цените на храната

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот од Firstpost

Нагасаки одбележува 80 година од атомскиот напад

August 9, 2025
Фотографија: Википедиа

Администрацијата на Трамп бара 1 милијарда долари од Универзитетот Калифорнија за враќање на федералното финансирање

August 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски за средбата Трамп-Путин: Украина нема да ја даде својата територија на окупатори

August 9, 2025

Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август

August 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на Суспилне новине

(ВИДЕО) Кијив се збогува со новинарката Викторија Рошчина, која почина во руско заробеништво: Се збогуваме со Вика, но не и со нејзиниот случај

August 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски категоричен дека не планира да се гласаат уставните измени се додека Бугарија не ги заврши преземените обврски

March 14, 2025 09:13
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа изјави дека не планира да се гласаат уставните измени, се додека Бугарија не ги преземе своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства.

Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, на прашањето околу стратешкото партнерство со САД и доколку Вашингтон каже дека треба да се гласаат уставните измени, Мицкоски нагласи оти тоа нема да се случи, пренесе МИА.

– Нема да ги гласам, тоа нема да се случи. Нема да ги гласам се додека Бугарија исто така не ги заврши своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства. А тие права се содржани во пресудите од Судот за човекови права во Стразбур, одговори Мицкоски.

Во однос на новата политичка Влада во Бугарија и дали тоа ќе ги помести работите, Мицкоски се осврна на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и Георг Георгиев во Минхен, посочувајќи дека тоа не ги поместило работите и оти не сме наишле на разбирање туку на блокада.

-Колкав партрнер на НАТО е нашиот источен сосед, доволно говори денешната одлука да не вложуваат во Коридорот 8, којшто е втор по важност за Алијансата за кој што потпишаа на самитот во Вашингтон во јули минтатата година. Нивната Владата донесе одлука да не вложува во модернизација на Коридоот 8. Ако тие за Коридорот 8 којшто требаше да биде формалнсот за којшто не обвинуваа, денеска носат таква одлука, па замислете што нас не чека понатаму, рече Мицкоски.

Според него, членството на Македонија во ЕУ не зависи од ниту една резолуција, туку од билатералните односи кои што за жал рече тоа го дозволи Европската Унија.

-Се додека не покажете карактер и вредности во кои што верувате, нема да ве ценат. Ја знаете онаа приказната со полжавот, ако мислете дека со лигавење ќе стигнете до врвот се лажете, барем јас така не мислам. Јас сум застапник на тезата подобро тешко, отколку срамно. И тоа се принципите и вредностите во кои што верувам, вели премиерот.

Истакна дека „нашата близина и далечината со ЕУ не зависи од тоа дали ние сме ко-спонзори на оваа или онаа резолуција, туку зависи исклучиво од билатерални прашања, кои што за жал истата таа ЕУ дозволи да се случат“.

-Дали јас грешам не знам, дали ќе успеам во ова не знам, јас сум го добил легитимитетот од граѓаните пред 9 месеци, пола милион луѓе излегле и гласале, рече Мицкоски. Немам намера да бакнувам пенкала, да се смешкам додека ме навредуваат, понижуваат и омаловажуваат, тоа што го мислам и моите аргументи што ги имам, не велам дека се најисправните и најточните, но јас сум ја добил довербата на граѓаните да ги презентирам тие аргументи кои што ги бранат интересите на оваа држава, на сите граѓани, нагласи Мицкоски.

Според него, ние како малуброен народ и како една од помалубројните држави во Европа, треба секогаш да се држиме до нашите најголеми стратешки партнери.

-Тоа не значи дека треба да бидеме рамо до рамо и со нашите европски партнери. Ние треба да водиме умна политика. Има многу држави-членки во ЕУ, но и кандидати кои соработуваа со држави од Истокот, па напредуваа во рамки на членството со ЕУ, за жал ние не напредувавме. Кога еднаш имате двоен стандард и исклучок, тоа станува пракса, рече Мицкоски.

Тој рече дека загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е лицемерен однос.

-Кај опозицијата секогаш ќе има дилема што и да направиме ние, и јас не очекувам дека опозицијата ќе излезе со поддршка за чекорите кои што ги прави ВМРО-ДПМНЕ и кои што ги прави македонската влада. Нивната загриженост се темели на лицемерие затоа што ако до вчера се сеќавате кога исчезнуваа пратеници, тие велеа дека со срцето се во Брисел, а со душата во Вашингтон, во името на тоа да се претстават дека САД се нашиот најважен стратешки партнер, рече премиерот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ