Ова е ужасен, црн, трагичен потсетник за сите родители, чии деца секојдневно се изложуваат на ризици поради запоставувањето на безбедноста и превенцијата.
Милионски се профитите на газдите на клубовите и дискотеките. Кога би вложиле дел од својот мрсен профит во безбедност и превенција – трагедијата во Кочани немаше да се случи. Милионски се буџетите и на институциите чија задача е да се грижат за безбедноста на луѓето. Да инвестираа повеќе во безбедноста, а помалку во партиски вработувања и пи-ар, оваа трагедија немаше да се случи.
Џабир Дерала – „Трагедија во Кочани – длабока тага, сочувство и солидарност, и тешки прашања“, ЦивилМедиа, 16 март 2025, по првата прес конференција на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски
Трагедија во Кочани – длабока тага, сочувство и солидарност, и тешки прашања