• Latest

Во Турција продолжуваат протестите за укинување на притворот за истанбулскиот градоначалник

March 22, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Турција продолжуваат протестите за укинување на притворот за истанбулскиот градоначалник

March 22, 2025 09:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници Турци излегоа синоќа на улиците во поголемите градови Турција трета ноќ по ред, барајќи од властите да го укинат притворот на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, пренесе МИА.

Протести имаше во Истанбул, Анкара и Измир и покрај забраната за јавни собири, објавија локалните медиуми.

Во Истанбул луѓето извикуваа пароли како „Влада, оставка!“

Полицајците употребиле солзавец против демонстрантите кои сакале да ја пробијат полициската блокада. Демонстрации за вечер се ајавени и во многу други градови низ земјата.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на Х објави дека се уапсени 97 демонстранти.

Протести се одржаа и во Анкара пред седиштето на главната опозициска Народна републиканска партија (НРП).

Покрај симпатизери на НРП, на протестот учествуваа и други политички партии, меѓу кои и прокурдската партија ДЕМ, Турската комунистичка партија, Работничката партија, повеќе синдикати, како и млади – студенти и ученици.

Учесниците на протестот вееја турски знамиња и скандираа антивладини слогани како „Закон, правда и правда“, „Оставка на владата“.

Лидерот на НРП  Озгур Озел претходно повика на мирни протести поради апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и покрај забраната на властите.

Забрани за организирање собири од вчера се воведени во Анкара и во Измир. Претходно ваква забрана беше воведена и во Истанбул.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот ги нарече протестите „уличен терор“ и ја обвини главната опозициска Народна републиканска партија (НРП) на Имамоглу дека ги искористила истрагата и приведувањето како изговор за да ја втурне земјата во хаос.

– Нема да толерираме никакво нарушување на јавниот ред. Како што претходно не сме се поклониле на уличниот терор, така и сега нема да попуштиме на вандализмот, рече Ердоган.

Тој ја ја обвини и НРП, која е партија основач на модерна Турција, за корупција и поттикнување немири.

Судот допрва треба да ги разгледа наводите за корупција и тероризам против Имамоглу и неколку други лица.

Приведувањето на градоначалникот во средата предизвика протести низ целата земја. Властите одговорија со силни безбедносни мерки и забранија собири во поголемите градови, вклучувајќи ги Истанбул, Анкара и Измир.

НРП се подготвуваше да го именува Имамоглу за свој претседателски кандидат во неделата кога беше приведен. НРП најави дека и покраи приведувањето, сепак ќе ја продолжи постапката за избор на претседателски кандидат.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ