Американските власти реагираа во шок на откритијата во магазинот „Атлантик“ дека највисоките членови на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп испратиле детални оперативни планови и други, најверојатно, високо доверливи информации за американските воени напади врз Јемен до групна нишка на апликација за пораки на која случајно бил додаден репортер.
Високите претставниците на Трамп случајно испратиле пораки до новинарите за планови за воен напад на Хутите, објави Би-би-си.
Администрацијата на Трамп се соочува со политички метеж откако Белата куќа потврди дека новинар ненамерно бил додаден во небезбеден групен разговор во кој претставници на американската национална безбедност планирале воен напад во Јемен.
Џефри Голдберг од магазинот „Атлантик“ објави дека тој бил додаден во групата за пораки „Сигнал“ во која, очигледно, биле вклучени потпретседателот Џеј-Ди Венс и секретарот за одбрана Пит Хегсет.
Тој рече дека видел доверливи воени планови за американски напади врз бунтовниците Хути, вклучително и пакети со оружје, цели и тајминг, два часа пред нападот.
Извештајот предизвика бура од критики од опозициските демократи и загриженост кај неколку републиканци.
Д. Мишев