• Latest

(КОРЕКЦИЈА) Реакција на Српската амбасада за изјавата на вицепремиерот Фетаи дека НАТО-бомбардирањето на Југославија стави крај на страдањата на угнетениот народ на Косово

March 26, 2025

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

(КОРЕКЦИЈА) Реакција на Српската амбасада за изјавата на вицепремиерот Фетаи дека НАТО-бомбардирањето на Југославија стави крај на страдањата на угнетениот народ на Косово

March 26, 2025 11:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува длабока загриженост поради вчерашната изјава на заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за добро владеење, г. Арбен Фетаи, во врска со 26-годишнината од вооружената интервенција на силите на НАТО врз Сојузна Република Југославија, која, меѓу другото, тој ја претстави како „историски момент“ кој отворил „пат кон мир и стабилност во регионот“ и „запирање на геноцидот“, пишува во реакција од Српската амбасада.

„Изјави од ваква природа длабоко ги повредуваат чувствата на граѓаните на Република Србија, за кои 24 март претставува симбол на големо страдање и почеток на еден од најтрагичните периоди во поновата историја на нашата земја и народ. За време на 78-те денови на непрекинато бомбардирање, животот го загубија околу 2.500 цивили, меѓу кои и неколку десетици деца, додека повеќе од 6.000 лица беа повредени. Во текот на агресијата беа уништени мостови, болници, училишта, фабрики и културни добра, а многу семејства ги изгубија своите најблиски, домовите и чувството на сигурност. Сеќавањата на тие настани и страдањата на населението се длабоко врежани во колективната свест на нашиот народ, а болката и последиците од тој период се присутни и денес. Токму затоа, секој обид за релативизирање или позитивна интерпретација на овие случувања се доживува како болно и недолично понижување на жртвите и нивните семејства“, велат од Амбасадата.

Вицепремиерот Фетаи во објава на Фејсбук нагласи дека бомбардирањето на НАТО помогнало да се ослободи Косово и го запре угнетувањето и злосторствата на режимот на Слободан Милошевиќ врз цивилите во Косово.

„Денеска ја одбележуваме 26-годишнината од воената интервенција на НАТО против југословенските цели, со која се стави крај на страдањата на угнетениот народ на Косово и се запре геноцидот на режимот на Милошевиќ. Овој историски момент го отвори патот кон мирот и стабилноста во нашиот регион. Денес, како горди членки на НАТО, придонесуваме во мировните мисии и работиме за побезбеден свет. Да продолжиме да се градиме врз темелите на мирот и слободата што беа поставени тогаш“, објави Фетаи.

Исто така, Амбасадата потсетува дека воената интервенција на НАТО во март 1999 година, беше спроведена без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации, и како таква претставува флагрантно кршење на меѓународното јавно право и на принципите врз кои се темели меѓународниот правен поредок. Затоа, сметаме дека наративот за овој настан, кој е лишен од неопходна правна и морална чувствителност, не придонесува за градење заемно почитување во меѓудржавните односи. Имајќи го предвид горенаведеното, Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува надеж дека во иднина ќе биде земена во предвид сложеноста на ваквите теми при јавни настапи, но, што е уште поважно, ќе биде покажана доследност во почитувањето на принципите на меѓународното право, наместо нивна селективна примена и интерпретација.

Дополнително, особено нè загрижува лесното и неосновано користење на јазични формулации и правни термини, како што е терминот „геноцид“, чија злоупотреба претставува релативизирање на поимот и навреда за сите вистински жртви на тој најтежок облик на злосторство. Произволното користење на вакви сериозни квалификации бара посебна одговорност, аргументираност и внимателност, особено во регион кој низ својата историја претрпел бројни страдања. Во таа насока, ја користиме оваа прилика повторно да укажеме на бројноста и условите во кои живее српската заедница на Косово и Метохија, која подолг временски период се соочува со систематско кршење на основните човекови права, институционален притисок, физички напади, уништување на културното и верското наследство, па дури и со сквернавење на гробни и споменични места – сè со цел да се избрише секој траг од вековното присуство на Србите на овие простори“, реагираат од Српската амбасада.

Амбасадата нагласува дека Република Србија и понатаму останува посветена на негување блиски и пријателски односи со Република Северна Македонија, како и на зачувување на регионалната стабилност и соработка, „но истовремено го задржува правото да ја брани вистината за сопствената историја и достоинството на својот народ, кој бројчано најмногу страдал на овие простори во текот на 20 век“.

На аеродромот во Батајница, Србија, се одржа комеморација на Денот на сеќавање на жртвите од бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија во 1999 година. На настанот, покрај другите беше присутен претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, претседателот Милорад Додик, а во првиот ред до нив беше и македонскиот вицепремиер и министер за Односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.

Не се знае дали Стоилковиќ имал говор, но на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук има објава со најава дека ќе присуствува на комеморацијата.

„ДА НЕ ЗАБОРАВАМЕ, ЗА ДА НЕ БИДЕМЕ ЗАБОРАВЕНИ!

По повод Денот на сеќавање на жртвите од НАТО бомбардирањето на Србија, поради актуелната ситуација, во текот на денот поединечно или во помали групи ќе запалиме свеќи во чест на сите загинати бранители на татковината и невините жртви од НАТО агресијата врз Србија. А вечер ќе присуствувам на официјалното државно одбележување на Денот на сеќавањето на загинатите во агресијата на НАТО против СРЈ-24. март 1999 година, што ќе се одржи на Воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница“, најави вчера Стоилковиќ.

За тоа како го коментира тоа што вицепремиерот Иван Стоилковиќ присуствува на настан против НАТО во Белград, а ние сме земја членка на НАТО, премиерот Христијан Мицкоски, рече дека не би го гледал тоа така.

„Не би го гледал ова низ таа оптика како што вие го кажавте, но за постапките и начинот, зошто е господинот Стоилковиќ таму, можеби е најдобро него да го прашате“, изјави Мицкоски.

Редакцијата на ЦивилМедиа јавно се извинува на вицепремиерот Арбен Фетаи за ненамерната грешка, односно за првичниот наслов: „По реакцијата на српската амбасада, вицепремиерот Фетаи го избришал од Фејсбук статусот за НАТО-бомбардирањето“. Немамерната грешка се случи затоа што изјавата не ја пронајдовме на неговиот Фејсбук профил, ниту на неговиот Х профил, а притоа не ја побаравме на неговиот фанпејџ на Фејсбук.

Д. М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ