• Latest
Фото; Скриншот Јутјуб канал Војска Србија

Кого претставуваше вицепремиерот Стоилковиќ, рамо до рамо со Додик и Вучиќ на комеморација за бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија?

March 25, 2025

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Кого претставуваше вицепремиерот Стоилковиќ, рамо до рамо со Додик и Вучиќ на комеморација за бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија?

March 25, 2025 11:32
in БЛИЦ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото; Скриншот Јутјуб канал Војска Србија

Фото; Скриншот Јутјуб канал Војска Србија

Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ 

Синоќа на аеродромот во Батајница, Србија, се одржа комеморација на Денот на сеќавање на жртвите од бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија во 1999 година.

На настанот, покрај другите беше присутен претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, претседателот Милорад Додик, а во првиот ред до нив беше и македонскиот вицепремиер и министер за Односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.

Не се знае дали Стоилковиќ имал говор, но на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук има објава со најава дека ќе присуствува на комеморацијата.

„ДА НЕ ЗАБОРАВАМЕ,  ЗА ДА НЕ БИДЕМЕ ЗАБОРАВЕНИ!

По повод Денот на сеќавање на жртвите од НАТО бомбардирањето на Србија, поради актуелната ситуација, во текот на денот поединечно или во помали групи ќе запалиме свеќи во чест на сите загинати бранители на татковината и невините жртви од НАТО агресијата врз Србија. А вечер ќе присуствувам на официјалното државно одбележување на Денот на сеќавањето на загинатите во агресијата на НАТО против СРЈ-24. март 1999 година, што ќе се одржи на Воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница“, најави вчера Стоилковиќ.

Не се знае дали Стоилковиќ присуствувал на комеморацијата во својство на вицепермиер на Владата на Република Северна Македонија, или како министер за Односи меѓу заедниците, што во двата случаи би значело дека ја претставува и Владата, како и сите граѓани на земјата во која тој делува како висок политичар, и му е доделена позиција на власт. Но, очигледно е дека за него татковина е друга земја, и секако, дека дејствува (не за прв пат и тоа е познато) во спротивна насока од доделената политичка задача.

А можеби е испратен по должност, да му се најде на „брат Вучиќ и братучед Додик“ како поддршка од Северна Македонија, веројатно поканет од таму, за што исто така не се знае, ако е поканет, дали во својство на вицепремиер и министер, или како водач на Демократската партија на Србите во Македонија?

Како и да е…

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ