• Latest
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026 10:11
in ВЕСТИ, ПРАВДА, СУДСТВО, ТОП 5
Насер Селмани

Насер Селмани

Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд одлучи да одржи јавна расправа по барањето на новинарот и поранешен претседател на ЗНМ, Насер Селмани, за заштита на слободата на мислата и јавното изразување, гарантирани со член 16 од Уставот. Барањето се однесува на судските пресуди со кои е утврдена негова одговорност за клевета поради ставови изнесени во јавна дебата за политичкото влијание врз медиумите и уредувачката независност. Одлуката за одржување јавна расправа е донесена со мнозинство гласови.

Станува збор за предметот БЗСП.бр.3/2026, во кој Селмани, преку својот полномошник, адвокатот Филип Медарски, бара уставносудска заштита на слободата на изразување. Оспорени се пресудата на Основниот граѓански суд Скопје од 13 септември 2024 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје од 18 декември 2025 година.

Од инцидент во телевизиско студио до судски спор

Повод за јавните изјави на Селмани беше настанот од 1 ноември 2023 година во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5. За време на емисијата, директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, се вклучи во живо и побара прекинување на програмата, во контекст на неговото несогласување со присуството на гостинот Исмет Рамадани.

Настанот предизвика реакции во јавноста и отвори дебата за уредувачката независност, односите меѓу сопствениците и раководствата на медиумите и новинарите, како и за можните политички влијанија врз медиумскиот простор.

Во тој контекст, Селамани, во отвореното студио на ЦИВИЛ (2 ноември 2023), изнесе критички ставови за состојбите во медиумите. Меѓу другото, тој изјави дека медиумскиот простор сè уште служи како „огласна табла на партиите“ и дека постојат притисоци врз новинарите.

По објавувањето, ТВ Канал 5 и нејзиниот директор Иван Мирчевски поднесоа тужба за клевета и барање за надомест на нематеријална штета.

Основниот граѓански суд Скопје со пресуда од 13 септември 2024 година утврди одговорност за клевета, го задолжи Селмани да објави дел од изреката на пресудата во дневен весник и да ги плати судските трошоци. Паричните барања за нематеријална штета биа одбиени. Апелациониот суд Скопје на 18 декември 2025 година ја одби жалбата и ја потврди пресудата во обжалениот дел.

Што оспорува Селмани пред Уставниот суд?

Според наводите во барањето, редовните судови не направиле доволно разграничување меѓу фактичките тврдења и вредносните судови, ниту соодветно ги оцениле јавниот интерес, контекстот во кој биле дадени изјавите и улогата на подносителот како новинар.

Селмани смета дека при одлучувањето не била соодветно земена предвид ниту практиката на Европскиот суд за човекови права во однос на заштитата на слободата на изразување, особено кога станува збор за дебати за прашања од јавен интерес.

Токму овие прашања се во средиштето на барањето за заштита на слободите и правата загарантирани со член 16 од Уставот. Одлуката за одржување јавна расправа значи дека Уставниот суд ќе овозможи јавно разгледување на предметот.

Предупредување за можен ефект на самоцензура

По потврдувањето на пресудата од Апелациониот суд, Селмани предупреди дека случајот може да има пошироки последици врз слободата на говорот доколку не се отвори дебата за начинот на кој се постапува по тужби поврзани со јавни критики.

Тој повика новинарските здруженија, Синдикатот на новинари, Советот за етика во медиумите и граѓанските организации да го следат случајот и да реагираат, а апелираше и до меѓународните претставници во земјата да го разгледаат прашањето во контекст на слободата на медиумите.

„Ги повикувам новинарските здруженија, ЗНМ, Синдикатот на новинари, СЕЕМ и други невладини организации кои се занимаваат со заштита и промоција на слободата на медиумите, внимателно да ги следат и да реагираат соодветно на ваквите опасни обиди за ограничување на слободата на говорот“, стои во јавната објава на новинарот Насер Селмани по одлуката на Апелациија.

Селмани смета дека санкционирањето на критички ставови за медиумите може да предизвика таканаречен „ефект на одвраќање“ – ситуација во која новинарите и другите учесници во јавната дебата се воздржуваат од изнесување критики поради страв од судски постапки и финансиски последици.

SLAPP-тужби и европските стандарди

Во јавната реакција на случајот, ЦИВИЛ изрази загриженост дека постапката има карактеристики на стратешка тужба против јавното учество, позната како SLAPP. Станува збор за тужби што, според концептот на оваа практика, можат да се користат за заплашување, оптоварување или обесхрабрување на новинари, активисти и други лица кои зборуваат за прашања од јавен интерес.

Особено загрижува фактот што изјавите за кои е донесена пресудата претставуваат личен став и вредносен суд изнесени во контекст на јавна дебата – форми на изразување што, според европските стандарди и праксата на Европскиот суд за човекови права, уживаат засилена заштита, се вели во соопштението на ЦИВИЛ. 

Советот на Европа во 2024 година ја усвои Препораката CM/Rec(2024)2 за борба против употребата на SLAPP-тужби. Документот ги повикува земјите членки да обезбедат безбедно опкружување за учество во јавната дебата и заштита од злоупотреба на судските постапки со цел ограничување на јавниот ангажман.

ЦИВИЛ изрази поддршка за Селмани и повика на внимателно следење на случајот, оценувајќи дека прашањето ја надминува индивидуалната судска постапка и се однесува на условите за слободна јавна дебата.

„Во демократско општество, критичкото мислење не смее да биде причина за санкција. Секој обид да се нормализира ваква практика претставува чекор назад за демократијата и владеењето на правото. Да се санкционира мислењето значи да се ограничи демократијата“, соопшти ЦИВИЛ по одлуката на Аплеација.

Одлуката на Уставниот суд да одржи јавна расправа го враќа случајот во фокусот на јавноста. Во центарот на претстојното разгледување ќе бидат уставно загарантираната слобода на изразување и границите на граѓанската одговорност за изјави дадени во дебата за прашања од јавен интерес.

Подготви: Б. Јордановска


ЦИВИЛ: Пресудата против новинарот Насер Селмани сигнализира опасна пракса и закана за слободата на изразување


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ