Градскиот совет на Истанбул, каде што опозициската Републиканска народна партија има мнозинство, вчера избра вршител на должноста градоначалник, откако актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу беше приведен под обвиненија за корупција што тој и неговите поддржувачи ги негираат, пренесе МИА.
Градскиот совет, кој брои 314 членови, го избра Нури Аслан за привремен градоначалник со 177 гласа.
Минатонеделното апсење на Имамоглу, најголемиот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, предизвика најмасовни антивладини протести во Турција во изминатите десет години и резултираше со бројни апсења, откако стотици илјади граѓани излегоа на улиците на мирни демонстрации низ целата земја.
Вршителот на должноста ќе го води градот до крајот на мандатот на Имамоглу, додека тој го чека судскиот процес.