• Latest

Глобална недела на парите 2025 година: „Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“

March 27, 2025
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Глобална недела на парите 2025 година: „Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“

March 27, 2025 14:43
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, наредната недела, тринаесетта година по ред, ќе ја одбележат Глобалната недела на парите. Глобалната недела на парите традиционално се одбележува преку предавања за различни возрасни групи, објавување едукативни материјали од областа на финансиите на интернет-страниците, одржување работилници со физичко присуство или онлајн, објавување едукативни содржини на социјалните мрежи.

Како што информира денеска од Народната банка, темата на која е посветена годинешната Глобална недела на парите е: „Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“ (Think before you follow, wise money tomorrow). Темата, велат, се осврнува на сложеноста на современите дигитални финансиски трендови, појавата на лица што даваат совети за финансиските инвестиции (т.н. „финфлуенсери“) и зголемената употреба на вештачката интелигенција при утврдувањето на веродостојноста на финансиските информации и совети, особено за младите. Понатаму, и емоционалната пристрасност и однесувањето, особено менталитетот на толпата можат да поттикнат лоши финансиски одлуки под притисок на врсниците или под влијание на социјалните медиуми.

-Во овој контекст, од огромно значење е младите да развијат добри вештини за управување со парите, да препознаваат емоционални поттикнувачи и да стекнат критички пристап кон изворите на информации. Зајакнувањето на финансиската писменост може да им помогне на младите подобро да се снаоѓаат на финансиските пазари, да се спротивстават и да препознаат пристрасни совети што води до попаметни финансиски одлуки. Оттаму, темата на овогодишната Глобална недела на парите ги поттикнува младите луѓе да бидат исклучително претпазливи при носењето финансиски одлуки и користењето на современите технологии во финансискиот сектор, потенцираат од Народната банка.

Во рамките на одбележувањето на Глобалната недела на парите, Народната банка ќе организира повеќе предавања за учениците од основните и средните училишта, децата од предучилишна возраст и за студентите. Воедно, секој ден ќе се објавуваат прашања во рамките на едукативниот квиз на социјалните мрежи на Народната банка.

Во соработка со Сојузот на средношколци ќе биде одржана работилница со учениците од средните училишта. Воедно, Народната банка ќе организира вебинар за наставниот кадар од основните и средните училишта, пред кои ќе се одржи презентација на темата на Глобалната недела на парите и дискусија.

-За таа цел, ги повикуваме наставниците и професорите да се пријават за учество на вебинарот, а потоа да одржат наменски презентации за своите ученици, со што ќе се зголеми опфатот на вклучените ученици. Народната банка зеде учество во активностите на здружението за вмрежување на успешни жени „Јас сум жена“, односно учествува во предавањето на едно средно економско училиште и во панел-дискусија за кибербезбедноста којашто ќе биде во рамките на Женскиот економски форум. Народната банка, организациски и со учество во Жири-комисијата, го поддржува и националниот натпревар на Европскиот квиз на парите 2025 година, којшто ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите (првиот круг на 1 април и вториот круг на 4 април 2025 година), велат од Народната банка.

Во меѓународни рамки, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата, во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Оваа глобална иницијатива, којашто досега се одбележува во повеќе од 176 земји во светот и со која се опфатени 60 милиони деца и млади, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Повеќе информации за Глобалната недела на парите се достапни на врската: www.globalmoneyweek.org

Во однос на другите земји, Глобалната недела на парите кај нас се одржува две недели подоцна, поради трагедијата во Кочани.

Фото: Народна банка

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ