Политичкиот аналитичар Петар Арсовски, смета дека паузирање од политички прашања е логично, но тоа не значи дека пратениците треба да „одмараат“.
„Мислам дека пауза од пратенички прашања е логична, зашто тоа би се претворило во натпревар на политички навреди, но останатиот дел од собранието секако може да работи. Во секој случај, гестот на солидарност не треба да се сведе само на „одмор“. Пратениците, сите, секако можат да си дозволат да донираат една плата за настраданите во несреќата – тоа ќе беше подобра порака одошто сегашната одлука“, вели Арсовски.
Собранието на Република Северна Македонија во понеделникот, 24 март, соопшти дека на координација која се одржа во Сала на Влада во Собранието, консензуално се согласиле дека имајќи ги предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, да се откажат сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари.
Во јавноста се јави незадоволство од одлуката донесена оваа недела за продолжување на уште една недела „распуст“ на Собранието.
Б. Ј.