Администрацијата на Трамп депортирала повеќе Венецуелци, наводни членови на бандата МС-13 во Ел Салвадор во текот на викендот, соопшти во понеделникот Стејт департментот на САД, иако се појавија прашања во правен предизвик околу процесот за утврдување на членовите на бандата, пренесува Ројтерс.
Седумнаесет наводни насилни криминалци поврзани со Трен де Арагуа и МС-13 биле транспортирани од американската војска во неделата вечерта, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Марко Рубио, додавајќи дека меѓу депортираните има и убијци и силувачи.
Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, во понеделникот одби да коментира на прашањето какви овластувања користела администрацијата за да ја депортира најновата група Венецуелци и Салвадорци.
Претседателот Доналд Трамп на 15 март се повика на Законот за илегални непријатели од 1798 година, ретко користен закон за време на војната, за да ги таргетира наводните членови на венецуелската банда Трен де Арагуа.
Федерален судија подоцна привремено ја блокираше политиката по правен предизвик поднесен од Американската унија за граѓански слободи. Членовите на семејствата на некои од депортираните негираа дека имаат врски со банди.
М. Д.