• Latest
Слободан Трендафилов / фото: Фејсбук на ССМ

Трендафилов: Jа повикуваме Владата да разговараме на маса, доколку не се остварат барањата на синдикатот, улицата е решение

April 3, 2025

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трендафилов: Jа повикуваме Владата да разговараме на маса, доколку не се остварат барањата на синдикатот, улицата е решение

April 3, 2025 15:25
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Слободан Трендафилов / фото: Фејсбук на ССМ

Слободан Трендафилов / фото: Фејсбук на ССМ

Share on FacebookShare on Twitter

Не се откажуваме од нашето барање за зголемување на минималецот за 6000 денари и на сите плати, со субвенционирани или пак, како што сметаат повеќето работодавци, со замрзнати придонеси, рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов при денешниот престој во Прилеп каде Синдикатот им даде поддршка на вработените во Терминалот кои денеска протестираа.

Доколку не се остварат барањата на ССМ, улицата е решение каде што ќе ги изразиме нашите незадоволства, но следниот пат ќе ги повикаме и работниците со нас, смета Трендафилов, кој ја повика Владата да седнат на маса и да разговараат.

-Ние не отстапуваме од барањето повисока плата за работниците и ако нема слух, еве и денеска ги повикувам да не викнат на маса, да седнеме да разговараме по однос на прашањата кои ги тангираат работниците, ако доколку не, се гледаме на улица, изјави Трендафилов.

За Трендафилов, предложеното од ССМ е подадена рака и кон работодавачите кои сакаат да ги задржат квалификуваните работници во Македонија, меѓутоа и кон Владата.

-Предложивме зголемувањето да се случи во неколку чекори. Првиот чекор е, доколку може, Владата од едниот дел во другиот дел од буџетот, да ги субвенционира придонесите. Не да ги даде парите на работодавачите, но во име на работниците да ги уплати во Фондот за ПИОМ за разликата од 6 000 денари. Вториот предлог беше работодавачите да бидат ослобоени за овој износ од 6 000 денари, да ги плаќаат придонесите во рок од 12 месеци со што ќе им помогнеме да се реорганизираат за да може да исплатат повисоки плати, а од друга страна, по истекот на тие 12 месеци, да ги плаќаат придонесите за задолжително социјално осигурување и третиот предлог беше да си ги плаќаат придонесите на целиот износ, на 500 евра. За жал, иако голем дел од работодавачите го прифатија овој предлог на ССМ, дури дополнително предлагаа да се замрзнат придонесите, а да ги зголемат платите на работниците, Владата сметаше дека на работниците не им е потребна повисока плата и еднострано, за првпат во историјата од донесувањето на Законот за минимална плата, со усвојување информација на Влада, не утврдено мислење на Економско социјален совет, се објави минималната плата во навистина минимален износ кој не им помага на работниците, изјави Трендафилов.

Според претседателот на ССМ, Владата се иззема од одговорноста иако е најголем работодавач, на 128 000 работници.

-Меѓутоа, кога дава негативен пример, што очекуваат синдикатите да направат со работодавачите во приватниот сектор, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ за ставовите за зголемување на минималната плата.

За разногласието меѓу синдикатите, Трендафилов вели дека ССМ се бори и се залага за подобар животен стандард на работниците.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски денеска беа на штрајкот на вработените во Терминал ДООЕЛ Прилеп поради 7 неисплатени плати.

Вработените во Терминал ДООЕЛ Прилеп основан од ЈКП Комуналец Прилеп под надлежност на Општина Прилеп, 7 месеци се оставени без денар плата и без здравствено осигурување.

Работниците во изминатиот период одржуваа неколку протести и два предупредувачки штрајкови, по што одлучија да ја активираат Одлуката за штрајк и нема да отстапат се додека не се исплатат заостанатите плати.

„Ги повикуваме двајцата заменици министри, четворицата пратеници од Прилеп веднаш да се ангажираат и да го решат овој голем проблем на овие 8 работници.

Ги повикуваме Градоначалникот на Општина Прилеп како раководството на ЈКП Комуналец Прилеп веднаш да обезбедат исплата на платите со што ќе се овозможи непречено функционирање на Терминалот поради тоа што доколку не се реши проблемот, ќе се предизвикаат и дополнителни проблеми со шпедитерите и непреченото функционирање на царинскиот терминал“, велат од ССМ.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ