• Latest
Фото: Влада на РСМ

One Stop – Северна Македонија и Косово со заедничка гранична контрола

April 13, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025
Фото: wikimedia commons

Санкциите на Трамп се „шок“ за Москва, можат да им нанесат „сериозен удар“ на нафтените гиганти

October 24, 2025

Додик повеќе не е претседател на Република Српска – пораз или победа на неговата политика?

October 24, 2025

ЕУ ги оцени локалните избори во Северна Македонија како конкурентни, но во високо поларизирачки политички амбиент

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина и Индија го ограничуваат купувањето руска нафта откако Трамп воведе санкции за Роснефт и Лукоил

October 24, 2025
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада поради реклама

October 24, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

One Stop – Северна Македонија и Косово со заедничка гранична контрола

April 13, 2025 09:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Од вчера профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан, каде е изградена нова физичка и дигитална инфраструктура со која е воспоставен функционален систем кој овозможува само едно застанување и една пасошка контрола. Премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста по повод пуштањето во употреба на системот истакна дека осовременувањето на граничниот премин е отворање на нова перспектива за граѓаните, стопанството и за регионот.

Границата која досега значеше пречка, посочи Мицкоски, денес станува симбоил на модерноста, интеграцијата и регионалната зрелост и нема повеќе да се чека со часови.

– Денес симболично, но и суштински ја поместуваме границата помеѓу проблемите и решенијата, помеѓу застојот и движењето, помеѓу бирократијата и ефикасноста. Заедничкиот премин организиран според системот Оне стоп шоп значи едно застанување наместо две, едно чекање наместо две, еден увид наместо две одделни контроли, а за граѓаните тоа значи повеќе време за семејството, за работа, за живот. На најдобар начин покажуваме дека границата не мора да биде ѕид, границата може и треба да биде наш заеднички мост, кој поврзува луѓе, идеи и можности, преку кој се зборува за доверба, соработка, економска соработка, развој на културата и туризмот, рече Мицкоски.

Тој порача дека денешниот чекор  е повеќе од билатерана политика и е дел од поголема слика, како што рече, слика во која целиот Западен Балкан се движи во иста насока кон Европската Унија. Оваа заедничка гранича точка, додаде, не е само премин помеѓу двете држави, туку премин кон европските вредности на соработка, интеграција и на слободно движење.

Косовскиот премиер Албин Курти посочи дека по подолг период ангажманот и посветноста резултирале со проекет од голема важност за граѓаните на Северна Македонија и на Косово. – Основањето заеднички гранични премини се повеќе од гранична инфраструктура и тие претставуваат нови точки на соработка и сервис кои ги поврзуваат уште повеќе нашите народи и ги зајакнуваат нашите добрососедски односи, рече Курти, посочувајќи дека концептот на преминот е доказ за поголема довреба меѓу двете држави.

Отсега па натаму, додаде, граѓаните ќе бидат проверувани само при влез во земјата, а податоците ќе се разменуваат во реално време преку современиот технолошки систем. Само во 2024 година над пет милиони граѓани ги поминале трите гранични премини меѓу двете држави, што укажува на врската меѓу нашите граѓани, но и потребата за слободен и брз проток на луѓе и стока, наведе Курти.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити истакна дека нашиот заеднички повик од граничниот премин е – интеграција сега. -На ова место Блаце каде пред 26 години беше тестирано човештвото и определбата на луѓето за слободата, иднината и за обединувањето денеска почнуваме нова историја за развој и напредок. Со инаугурацијата на таканаречениот One stop shop систем за управување на границата бележиме значителен момент за подобрување на протокот на луѓето и материјалните добра како еден голем чекор кон Европската Унија, рече Меџити.

Со ова, додаде, правиме уште еден голем чекор во реализацијата на проектот „Европа без граници“.

-Интеграцијата не е само политички процес, тоа е наша визија за иднина без меѓусебни ѕидови и граници кои делат, туку со мостови кои не поврзуваат, рече Меџити и додаде дека Балканот заслужува да биде дел од Европската Унија и тоа не како товар, туку како додадена вредност.

Граничниот премин Блаце е еден од најфреквентните во државава и годишно го користат преку 4,3 милиони патници. Тој е значаен за македонските и косовските граѓани, но и за меѓународниот транзит на луѓе и стоки.

фото: Влада

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ