• Latest
Георг Георгиев, МНР, Бугарија(Фотографија: Wikipedia)

Георгиев: Уставните измени се прв, но не и единствен услов за земјата за влез во ЕУ

April 15, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Георгиев: Уставните измени се прв, но не и единствен услов за земјата за влез во ЕУ

April 15, 2025 10:22
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, РЕГИОН
Георг Георгиев, МНР, Бугарија(Фотографија: Wikipedia)

Георг Георгиев, МНР, Бугарија(Фотографија: Wikipedia)

Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев изјави дека впишувањето на Бугарите во Уставот е прв, но не и единствен услов за почеток на преговорите на земјава за членство во ЕУ и оти тоа не е билатералност туку спроведување на европскиот консензус.

-Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствен услов. Односно, не е добро да се испушта во целиот тој разговор, со евентуална цел – за која се надевам дека не е така, ако впишувањето се случи и се исполни условот за уставни измени согласно европскиот консензус, некој да рече: „ете ви кажавме дека Бугарите немаат предвид само едно нешто“, изјави Георгиев за емисијата „Брисел 1“.

Тој оцени дека освен уставните измени, европски консензус има и спроведување на Договорот за добрососедство во Бугарија и протоколите кои произлегуваат до него, како и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата.

-Сето тоа треба да биде факт, во спротивно нема да има исполнување на европскиот конесуз, нема да има исполнување на заклучоците на Советот, а доколку тоа не е факт нема да може да се пристапи кон отворање на првиот Кластер, каде што се човековите права, изјави Георгиев.

Шефот на бугарската дипломатија оцени дека уставните измени само ќе го отворат патот за европската интеграција, а тука треба да се исполнат и другите услови кои и ги поставила ЕУ, додавајќи дека тоа не е никаква билатералност или отворено меѓудржавно прашање.

Георгиев исто така истакна оти не сфаќа зошто македонските политичари молчат пред своите граѓани и уставните измени ги претставуваат како единствено, а не како прво барање во процесот.

-Затоа постојано добронамерно им велам на колегите, навистина не сакам да дозволам да се мисли дека тоа се прави тенденциозно и со некаква задна намера. Спротивно на тоа има многу јасно црно на бело напишани услови преку кои процесот се движи, изјави Георгиев.

Бугарскиот министер додаде дека позицијата на Софија е кристално јасна и таа нема да го смени својот став, ниту има нешто кое ќе го побие европскиот консензус постигнат во 2022 година за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, зад кој, како што вели, стои целата ЕУ.

Вчера високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, истакна дека ако се погледне на мапата, Западен Балкан географски е во Европа и затоа земјите од тој регион треба да бидат во Европската Унија, што го прави процесот на проширување многу важен и треба да продолжиме со него.

На прес-конференцијата по завршувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, каде синоќа се одржа и неформална вечера на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата и на државите од ЗБ посветена на безбедноста и одбраната, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, Калас истакна дека е јасно оти стабилноста и безбедноста на регионот е од суштинско значење, а најдобар начин за намалување на тензиите е сите земји од Западниот Балкан да се вклучат во ЕУ.

– Тогаш ќе има помалку тензии, затоа што Европската Унија е мировен проект и работи на смирување на тензиите меѓу тие земји, рече Калас, додавајќи дека пораките се многу јасни, бидејќи и анкетите покажуваат дека поддршката за ЕУ во државите од регионот е генерално многу висока.

Во неделата шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Луксембург оствари средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос, на која се разговарало за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтеграцискиот процес.

-Заеднички беше потврдена посветеноста на Владата кон реформската агенда и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што претставува силна потврда за стратешката ориентација на државата и трасира кредибилен и веродостоен пат кон полноправно членство во ЕУ, соопшти Миистерството за надворешни работи и надворешна трговија, соопшти МНР, пишува МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ