Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека првата рунда преговори со САД поминала „добро“, но Техеран и понатаму е скептичен кон намерите на Америка. Тој истакна дека пристапот на Иран не е ниту претерано оптимистички ниту премногу песимистички. Хамнеи ги повика иранските власти да не ги поврзуваат внатрешните прашања на земјата со текот на преговорите, кои ќе продолжат во сабота.
А.М.