Антикорупциска често објавува информации за водење истраги за корупција и непотизам. Повеќето случаи остануваат само на соопштенија, а самите случаи се мали и не предизвикуваат промени. Забележливо е дека врвот на власта никогаш не е предмет на истрагите на Антикорупциска.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на Антикорупциската комисија?
Што мислите вие, дали ова е точно или имате поинакво мислење за работата на оваа значајна државна институција? Вклучете се во дебатата и споделете го вашето мислење!
Редакција ЦИВИЛ Медиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.