Во апелот на Црвениот крст на РСМ, заклучно со 17.04.2025 година собрани се 128.011.651,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани.
Денес Црвенот крст на РСМ изврши трансфер на средства на 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства вкупно се исплатени 86.100.000,00 денари
Како што известија од Црвен крст, заедно со нивните партнери продолжува и испораката на психосоцијална и друга поддршка на населението.