• Latest

Додик: Ако не ми дозволат да се кандидирам за претседател, ќе бидам премиер; На Трамп ќе му понудам литијум и руди во вредност од 100 милијарди долари

April 18, 2025
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Додик: Ако не ми дозволат да се кандидирам за претседател, ќе бидам премиер; На Трамп ќе му понудам литијум и руди во вредност од 100 милијарди долари

April 18, 2025 15:15
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, по кого беше распишана потерница, е убеден дека нема да заврши во затвор бидејќи претпоставува дека актуелната криза во Босна и Херцеговина ќе се реши со некаков политички договор, а најави дека и да биде конечно осуден, ќе ја продолжи својата политичка кариера,пишуваат српски регионални медиуми, пренесуваЦивилМедиа.

Додик во интервју за бањалучкиот весник „Глас Српске“ призна дека неговата ситуација изгледа „неизвесна“, но има разработено сценарио што ќе направи доколку судот ја потврди првостепената пресуда со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница.

„Дури и да ми ја забранат кандидатурата (за претседател на Република Српска), некој друг ќе биде кандидат пред владејачката коалиција и ќе победи. И тогаш јас ќе бидам премиер. Не можат да ми забранат да бидам премиер, а тоа за нив е поопасно од тоа да бидам претседател“, рече Додик.

Тој, сепак, призна дека претрпел пораз во неговите напори да ја блокира работата на државните институции откако беше осуден со тоа што сите Срби кои работат во нив ги напуштија своите работни места.

„Точно е дека очекував дека ќе биде поинаку. Тоа е поразително. Има Срби кои се подготвени да работат за Сараево и Босна и Херцеговина, и против Република Српска“, разочарано рече Додик, кој не ја пропушти можноста да се закани со кривично гонење на Србите кои не му се лојални откако ќе се формира специјално обвинителство за такви случаи на РС.

Тој е лут и на Европската унија, а особено на високата претставничка за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, која за време на нејзината посета на Босна и Херцеговина претходно во април, јасно ги означи политичарите од РС како одговорни за актуелната криза во Босна и Херцеговина.

Додик вели дека и таа, како и другите лидери на ЕУ, не разбира што всушност се случува во БиХ, за разлика од политичарите од екстремно десничарските партии во некои европски земји.

Тој смета дека наскоро ќе има можност да воспостави подобри односи со САД, односно со администрацијата на Доналд Трамп, па претпоставува дека тогаш ќе се намали и меѓународниот притисок врз РС. Тој потврди дека е подготвен да му понуди на Трамп управување со наоѓалиштето на литиум пронајдено на територијата на РС.

Тој потврди дека комерцијалната вредност на тие руди, во која спаѓа и литиумот, е околу 100 милијарди долари.

Коментирајќи ги арбитражните спорови вредни повеќе од една милијарда евра предизвикани од постапките на властите на РС, Додик тврди дека Бања Лука не бега од своите обврски, туку бара државата прво да реагира, а потоа да го подмири долгот на ентитетот.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ