• Latest

Интервју со актерот Неџо Осман: Денес не е лесно да се биде ромски уметник, актер, но нема ништо невозможно ако веруваш во себе, стравот е најголемата сенка на Ромите во нивните животи

April 18, 2025
Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

January 20, 2026

Зад фасадата на „реформите“: Иран меѓу репресија и регионална ескалација

January 20, 2026
Илустрација ВИ

Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

January 20, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: При температура од -15 °C, Кремљ продолжува да води геноцидна војна против жени, деца и стари лица

January 20, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Национализам како замена за владеење – Етничка мобилизација и ерозија на локалната демократија (9)

January 20, 2026

„Експрес-лонецот на Вучиќ – притисок, медиумски мрак и изборна контрола

January 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Битни се парите, а не судијата

January 20, 2026
Публиката извикува „оставете го Гренланд на мира“ за време на американската химна. Скриншот од YouTube reel/@crimlawuk

(ВИДЕО) Навивач извика „оставете го Гренланд на мир“ за време на американската химна на НБА натпревар во Лондон

January 19, 2026
Фото: Берни Сандерс/Х

Сандерс: Ако Трамп го присвои Гренланд, дали Американците ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно високо образование, платено родителско отсуство и платен одмор?

January 19, 2026
Креирано со помош на ВИ

Украина наводно ги тестира американските разузнавачки служби за да го открие изворот на протекувањето чувствителни информации до Русија

January 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: При температура од -15 °C, Кремљ продолжува да води геноцидна војна против жени, деца и стари лица

    Публиката извикува „оставете го Гренланд на мира“ за време на американската химна. Скриншот од YouTube reel/@crimlawuk

    (ВИДЕО) Навивач извика „оставете го Гренланд на мир“ за време на американската химна на НБА натпревар во Лондон

    Фото: Берни Сандерс/Х

    Сандерс: Ако Трамп го присвои Гренланд, дали Американците ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно високо образование, платено родителско отсуство и платен одмор?

    „Дивото племе треба да се чисти“ – говор на омраза по објавата на Лога за дискриминација на Албанците во Шумска полиција

    Њујорк Тајмс: Трамп го турка трансатлантското сојузништво кон криза

    Одеса, 19 јануари 2026 (фото извор: ДСНС Одеса)

    Продолжува рускиот терор врз цивилите: Погодени Одеса, Чернихив, Суми и други области, воздушна тревога во Кијив

    Скриншот од видео на
Hindustan Times

    Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    Итен состанок во Брисел: Ново заострување на ситуацијата околу Гренланд

    Гренланд како црвена линија во трансатлантските односи: Дали Европа конечно ќе му се спротивстави на Трамп?

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

    Точно на пладне: Лидерска средба на иницијатива на Мицкоски за првпат без главната опозициска партија

    Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    Ignorantia ante portas

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Креирано со помош на ВИ

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

    Проф. Оливие Ведрин (фото извор: LinkedIn профил на Авторот)

    Патување во Берлин

    Креирано со помош на ВИ

    Убиствата на демонстранти на протестите во Иран неинтересни за ОН и Грета Турнберг – освен ако не се инволвирани Израел и САД

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Премиерот Христијан Мицкоски, Сопиште, Скопје, 4 јануари 2026 (фото извор: скриншот од видео објавено на владиниот Јутуб канал)

    Северна Македонија – ЕУ – Бугарија: Како еден документ стана политички спектакл наместо предмет на дебата

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Интервју со актерот Неџо Осман: Денес не е лесно да се биде ромски уметник, актер, но нема ништо невозможно ако веруваш во себе, стравот е најголемата сенка на Ромите во нивните животи

Да бев во Македонија, не знам дали би имал место во македонски театар и дали би снимал толку многу филмови, не знам дали би ја имал таа привилегија што ја имам овде во Германија. Знаете, јас сум македонски државјанин, роден во Скопје, каде и да одам меѓу другото се претставувам и како Македонец. За сите овие 35 години никогаш не сум добил понуда од Македонски театар, ниту филм, ниту пак интервју или слично, вели Осман во ексклузивното интервју за ЦИВИЛ Медиа.

April 18, 2025 14:09
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Актерот Неџо Осман, по потекло Ром од Македонија со југословенска определба, со живеалиште во Германија, зборува ексклузивно за ЦИВИЛ Медиа за неговиот пат до врвот на актерската кариера, за дискриминацијата, за подемот на десницата, за како е да си Ром во Европа, а како е да си во Македонија, како и за улогата на уметникот и уметноста во политичко-општествените случувања во државата и во светот. Неговото потекло и чувствата, емотивно ги насочува кон социјалните неправди кон луѓето кои се различни. Неговото детство и сите други искуства се неговиот извор и мотив за сето она што го создадва во животот, војдеќи се под животното мото: „Нема ништо невозможно ако веруваш во себе“.

По дипломирањето на Академијата за театар и филм во Нови Сад и играјќи бројни улоги во ромскиот театар „Пралипе“, театарот на КПГТ во Суботица, низ Југославија и Европа, на почетокот на војната се пресели во Германија. Таму продолжи со турбулентниот театарски процес со театарот Пралипе. Заедно со неговата животна сопатничка Нада Кокотовиќ го основаат и раководат театарот ТКО во Келн.

Покрај театарот, тој се занимавал и со новинарство од 2001 до 2014 година како уредник и водител на ромската емисија на Дојче веле. Со години е ангажиран како театарски педагог во различни училишта и проекти. Пишува поезија, неговите книги се објавени во Германија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина и во неколку антологии.

ДЕХРАН МУРАТОВ / ЦИВИЛ МЕДИА: Што ве натера да го напуштите Скопје?

НЕЏО ОСМАН: Ме натера сонот да станам актер. Почетокот на мојата кариера тргна со неверојатна брзина, спонтано, необично и бајковито. По само три изведби во театарот „Пралипе“, во 1986 година добив понуда да гостувам како актер во Градскиот театар во Суботица, поканата ја испратија уметничкиот директор Љубиша Ристиќ и Нада Кокотовиќ. Дотогаш играв и гостував во разни југословенски градови и фестивали како член на Пралипе, презентирајќи ги нашите претстави исклучиво на ромски јазик.

Овој пат бев поканет без Пралипe, независно, првпат ромски актер беше поканет на неромски татар и на српски јазик. За мене сето тоа беше огромно достигнување и огромна обврска да се најдам меѓу толку познати југословенски актери кои ги играат главните улоги во истиот театар во Суботица, познат како КПГТ. Режисерката на претставата, Нада Кокотовиќ, ме избра мене да ја играм главната улога на „Отело“ од Вилијам Шекспир. По премиерата, се беше многу поразлично од она што беше пред тоа, на крајот на краиштата, се пишуваше само за Отело, еден од насловите гласеше „ОТЕЛО УБАВ КАКО РОМ“. По Отело, имаше многу други главни улоги и претстави и станав дел од Суботичкиот театар.

Во меѓувреме, дознав дека најпознатиот југословенски актер Раде Шербеџија ќе стане професор по глума во Академијата во Нови Сад. Решив без размислување да ја искористам приликата да станам актер со диплома како секој друг професионалец, и не само актер во Ромскиот театар и само на ромски јазик. Сето ова ми беше предизвик – да бидеш или да не бидеш, можеш или не можеш?

На приемниот испит се пријавија повеќе од 500 кандидати, а сите сакаа да бидат во класот на Шербеџија. Она што ми е особено важно за приемниот испит, покрај другите актерски вежби, подготвив монолог што го зборував на ромски јазик. Реакцијата на 14-те професори во комисијата беше вкочанета, останаа без зборови, беа импресионирани. Така станав првиот кандидат, студент кој го положи испитот на ромски јазик и бев примен на Академијата. Така станав актер во класот на Раде Шербеџија.

Откако ја одиграв улогата на „Отело“ и бев примен на Академијата, мојот живот тргна во друг правец, со една дефиниција која ме води до денес – И НЕВОЗМОЖНОТО Е ВОЗМОЖНО. Мотивацијата за невозможното е возможното потекнува од самиот почеток на мојата кариера, кога покажав желба да станам член на театарот „Пралипе“. Ова прв пат гласно и јавно да го кажувам. Глумата беше мојот сон, но малку фалеше да не ми се исполни. Режисерот Рахим Бурхан на почетокот не покажуваше интерес да станам член на Пралипе, немаше желба да станам актер, едноставно не бев по негов вкус и мислам дека никогаш не ни бев. Но, тоа не ме обесхрабри, напротив, имав поголема мотивација и амбиција да направам нешто повеќе.

По некое време го убедив и ја добив првата улога, тоа беше во 1982 година во претставата Кралот Едип, со која ја обиколивме цела Југославија и Европа и постигнавме големи резултати. По ова следуваа уште неколку настапи во Пралипе, како и два ТВ филма „Triest via Skopje“ и „Марика лета со авион“.

Во 1991 Театарот Пралипе во копродукција со германскиот театар Mülcheim an der Ruhr ја продуцира претставата „Крвава свадба“ од Фредерико Гарсија Лорка. Премиерата ја изведовме во Германија, а потоа имаше огромна 6-месечна турнеја низ сите големи театри и градови во Германија. По таа важна турнеја, добивме понуда од театарот An der Ruhr да останеме и да бидеме дел од тој германски театар.

Во 1995 година, откако видов дека се менуваат амбициите и целите, го напуштив театарот „Пралипе“. Заедно со мојата сопруга, режисерката Нада Кокотовиќ, формиравме сопствен театар, Театарот „ТКО“ во Келн, кој постои до ден-денес.

Вака изгледа моето патување од Скопје преку Суботица до Германија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како е да се биде ромски уметник во Германија, а како е да се биде уметник Ром во Македонија? 

ОСМАН: Во Германија еднаш се дава шанса, ако ја добиеш, мораш да ја искористиш, ако изгубиш, тешко е да ја добиеш повторно. Потребна е дисциплина, професионализам и квалитет.

Пример е театарот Пралипе, на почетокот кога стигнавме во Германија ги исполни сите тие стандарди, за жал после неколку години кога тие стандарди ги презедоа некои други интереси, сè се изгуби и „Пралипе“ исчезна. Ако си добар, квалитетен, дисциплиниран и работиш професионално, секогаш ќе имаш место, без разлика што си Ром, тоа не значи дека ќе ги имаш сите привилегии како германски уметник или театар, но можеш да бидеш и да постоиш.

Во Германија сум 35 години, глумам во театар и снимам филмови, живеам и работам и опкружен сум со Германци и приватно и професионално. Не можам да кажам дека сум доживеал непријатни ситуации, ниту дека сум бил особено дискриминиран. Тоа не значи дека ме третираат исто како Германец, не, но имам повеќе привилегии како ромски уметник, отколку ако не сум уметник. Ова не се однесува само на мене како Ром, туку на секој странски уметник или успешен уметник.

Да бев во Македонија, не знам дали би имал место во македонски театар и дали би снимал толку многу филмови, не знам дали би ја имал таа привилегија што ја имам овде.

Знаете, јас сум македонски државјанин, роден во Скопје, каде и да одам меѓу другото се претставувам и како Македонец. За сите овие 35 години никогаш не сум добил понуда од Македонски театар, ниту филм, ниту пак интервју или слично. Да наведам еден пример, кај нас во „Пралипе“, во Германија, ако гостуваа некои македонски актери уште невратени дома веќе во медиумите пишуваа дека македонски актери гостуваат во Германија.

Морам да кажам дека одиграв толку големи улоги и ги поминав речиси сите најголеми европски театри, што би било сон за секој актер. Но, за жал, во Македонија ништо не се знае за целата оваа работа, немам никаква почит ниту медиумски простор.

Во последните четири години снимив пет ТВ серии во Србија, и сега и во минатото мојот углед во оваа земја не е променет. Чувството на припадност се буди и расте кога е меѓусебно, кога чувствуваш дека некој ти припаѓа затоа што ти нему му припаѓаш, љубовта не може да биде еднострана.

Тоа што го следам и од информации кои ги имам од Македонија за состојбата со ромските уметници, особено актерите, воопшто не е добро. Од друга страна, мора да се гледа на професионалноста и квалитетот, ако некој не ги исполнува условите, тогаш треба да се постапува на поинаков начин. Колку што знам, има некои ромски актери кои се ангажирани во некои македонски театри, или гостуваат во некои претстави во театрите, што значи дека е можно, мислам дека ако актерот има актерски квалитети, останатото мора да биде споредно.

Сакам да кажам дека и покрај сето ова, денес не е лесно да се биде ромски уметник, актер. Денес, кога се е поделено, секој има своја страна, свој агол, и кога се гледа по национална боја и етничка припадност, секако е тешко.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали е важна етничката припадност за да се реализирате како уметник во Европа?

ОСМАН: Во претходното прашање одговорив што значи да се биде ромски уметник или странски уметник во Германија. Ако си успешен, квалитетен, професионален, се е можно, не значи дека ќе те третираат исто како Германец, Французин, Шпанец итн., ама поневозможно е ако не се уметник или ако не си успешен или квалитетен. Зборувам само за реализација за Ром, или странски уметник во Европа. Мислам дека квалитетот, каков и да е, води кон рализирање и покрај етничката припадност.

Не можам да кажам дека нема дискриминација во Германија, таа постои секаде каде што живее еден Ром, тоа не е ништо ново. Разликата во дискриминацијата е во бојата и пакувањето, таа се разликува од земја до земја, но во суштина постои. Овде во Германија, наместо Цигани, велат Цигиоња, секоја држава си има свој назив за овој народ. Разликата е во тоа што во Германија беше донесен официјален закон за забрана и употреба на тој збор на јавни места, ТВ и списанија.

Вакво нешто не постои во ниту една друга држава. Сепак, тоа не значи дека Ромите се особено привилегирани, има уште многу дупки каде што може да се почувствува дискриминацијата.

Во Германија има повеќе од 30 различни култури, странци, како и во многу други земји во Европа. Како и да е, сите овие земји функционираат со сите овие разлики. Зошто? Затоа што системот функционира.

Не значи дека овој систем е идеален, но кога ќе ги земеме овие аспекти, тоа е голем чекор. Но, не треба да се заборави дека оваа земја е една од најбогатите земји во Европа, ја игра истата улога за да функционира.

Така, во сите овие земји има многу уметници од различни етникуми и многу од нив се успешни и познати, актери, сликари, музичари итн.

На крај, повторно ќе кажам дека не беше лесно на сите овие уметници да стигнат до тоа ниво, но не е невозможно, можно е ако постои цел и желба.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колкава улога имаат уметниците да го променат општеството, да промовираат мир, соживот, толеранција?

ОСМАН: Се работи за уметност, уметноста нема припадност, уметникот припаѓа на цела класа. Ако некој е уметник во душата, тоа му е јасно, ако тој уметник е само уметник по професија, тогаш ова не му е важно.

Ако добив некој луксуз во мојот живот, тоа е дека ја избрав уметноста како животен повик, тоа е мојот врвен луксуз. Затоа што преку театарот го запознав светот, запознав толку многу луѓе, бев во толку многу различни ситуации, имав толку многу привилегии. Ако зборувам за некои богатства, тогаш ова е тoa богатство и ништо друго, другото ги потрошив, а ова никогаш не се троши.

Мислам дека е благослов да запознаваш луѓе, да доживееш различност, да слушаш различни мислења и погледи на светот, да ги размениш своите мисли и идеи со некој што не го познаваш. Тогаш кого ќе го разберете, ќе ви стане јасно дека меѓу луѓето има мала разлика, а ако има разлика, тогаш нека се вика љубов и нека се споделува.

Во секој случај, светот без уметност и уметници би бил многу посиромашен и потежок.

Колку и да е сложен и непредвидлив животот, секогаш има надеж и се трудиме да го направиме поубав, подобар. Улогата на уметноста во човечкиот живот игра важна улога, исто како и самиот живот. Сè што не опкружува е еден вид уметност, а човекот на почетокот не бил свесен за улогата на уметникот како и за уметноста, a мислам и денес луѓето не се свесни.

Во сите аспекти во создавањето на човештвото и заедницата, од идентитетот, културниот развој, промовирањето на моралот и естетиката и едукацијата на убавината и љубовта. Сè е создадено со помош на уметнички дела, музика, поезија, литература, театар, филм, сликарство итн. Улогата на уметноста која зборува за толеранција и мир е едноставно огромна.

ЦИВИЛ МЕДИА: Какво е вашето мислење во однос на тоа што Ромите во Македонија немаат ниту една културна ромска институција, за ромскиот театар воопшто не се ни дискутира, барем не гласно?

ОСМАН: Генерално, мислам дека односот, интересот на политичарите кон Ромите се недоволно сериозни, за оваа заедница конечно да почувствува дека припаѓа на ова општество.

Не би рекол дека има голема разлика од пред 50 години и денес. Тоа што денес има Роми кои живеат во огромни куќу на два или три ката и возат мерцедеси, или дека денес има образована генерација со дипломи, не значи дека е сменет односот кон ромската заедница. Можеби во некои делови животот стана подобар, или полесен, мислам дека животните добра е логично секој човек да ги има. За да живее во добра куќа, да има здравствено осигурување, да се образува и да се вработи, не треба да си Ром за да го добиеш тоа. Ова важи за секој човек во ова општество.

Она што треба да и се даде на оваа заедница за да се чувствува исто како другите, е да има културна привилегија, а тоа е: Да има културни институции, како што се театар, културен центар, радио и ТВ, списанија, основни и средни училишта во кои ќе учат деца Роми. За мене ова е културна привилегија за една заедница.

Мислам дека тоа е потребно во секој случај и дека е време да има професинален ромскиот театар. Откако театарот Пралипе не постои, во Македонија нема сериозен ромски театар. За да постои професионален театар треба да има и стручен кадар, за да постои театар треба да се формира актерски клас во рамките на Академијата за уметност. Тоа е можно денес, бидејќи има ромски професионални актери, кадри со искуство кои можат да го водат тој клас. Сето ова бара интерес и желба да се дојде до професионален ромски театар.

Ова е причината што не се зборува гласно, бидејќи засега нема интерес и желба ова да се реализира и да се дојде до формирање на професионален театар.

За да се случи каква било идеална појава, секој мора да го вложи својот труд, посветеност, желба и интерес. Мислам дека ова се уште не се случило, ниту од ромска, ниту од неромска страна. И ако се случи, таа не беше доволно сериозна.

За жал, ангажманот на Ромите не го достигна интелектуалното, моралното и естетското ниво да ги добие сите овие животни и човечки добра кои и се потребни на ромската заедница за да се чувствува достоинствено.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ја гледате политичката ситуација и статусот на Ромите во Македонија, на Балканот, во Европа и во светот, со оглед на тоа што десницата станува се поприсутна, особено со доаѓањето на Трамп за претседател на САД?

ОСМАН: За жал, состојбата на Ромите отсекогаш била и ќе биде со мала, или голема доза на страв. Стравот е најголемата сенка на Ромите во нивните животи.

Десницата секогаш била присутна, меѓутоа денес имаат поголема улога, многу се присутни, во некои земји се на власт, во парламентот и одлучуваат, тоа не e сееднo, тоа е застрашувачки.

Историјата нè научи на многу нешта, за жал тие се страшни и не толку весели сеќавања.

Во Германија е познато дека во последната година влегоа во парламентот и имаа најголем процент на гласови во земјата. Ова е најнеочекуваното и најнепосакуваното нешто што требаше да се случи, но тоа се случи. Денес, во ваква атмосфера, која во многу други земји е присутна десницата и одлучува, веќе ништо не е чудно и сè е можно. Доаѓањето на Тамп само му даде поинаков тон, посигурен.

Што можеме да очекуваме? Да се ​​надеваме дека разумот и хуманоста ќе дојдат до израз, ова е потребно генерално во светот без разлика во која држава. Секоја позитивна политичка промена во секоја земја може да биде пример и да придонесе за промени во животот. Мислам дека мирот, животот и човечката иднина немаат алтернативи, досега секогаш се наоѓаше пат и сила да се вразумат тие мрачни мисли и негативна енергија на некои безумни интереси. Да се ​​надеваме дека тоа ќе се случи.

Дехран Муратов
Фото: Фејсбук на Неџо Осман

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на
Kanal13

    Трета руско-чеченска војна во најава?

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Битни се парите, а не судијата

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ