• Latest

ССМ на првомајски протест за работнички права, подобри плати и услови

May 1, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025

Меџити и Ѓорѓиевски не гледаат проблем што независните кандидати ќе можат со два потписа да се кандидираат на локалните избори

August 19, 2025

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Се разгледува опцијата Додик да биде кандидат за претседател на Србија по Вучиќ

August 19, 2025
Последната и единствена средба меѓу Зеленски и Путин во Париз во декември 2019 година. Фото: Скриншот од видео на kremlin YouTube каналот

Унгарија се нуди како потенцијално место за средбата Зеленски-Путин, во игра и Швајцарија и Турција

August 19, 2025

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ССМ на првомајски протест за работнички права, подобри плати и услови

May 1, 2025 09:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.

Како што најави вчера претседателот на ССМ ,  протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата, посочувајќи дека се бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра, почитување на колективните договори и зголемување на платите на вработените согласно придобивките од истите.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на протестот, бидејќи како што појасни вчера претседателот Благоја Ралповски, смета дека во земјава има добар социјален дијалог и дека проблемите секогаш се решаваат на маса.

Трендафилов најави дека на протестот ќе се приклучат и други синдикати кои, потенцираше, застануваат на страната на работнички права.

– Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите кои ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега се најниски во регионот, а не зборуваме и за пошироко. Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите кои му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, 1 мај во 11 часот да ни се приклучат на работничкиот протест  на рутата на движење-Собрание-Стопанска комора-Влада, повика Трендафилов.

Само синдикалци, нагласи Трендафилов, можат да направат штета на работниците.

– Како што сум кажувал многу пати во минатото и кога синдикалци поддржуваат владини политики тоа секогаш е на штета на работниците. Тоа што го кажал и претседателот на УПОЗ минатите неколку денови е тоа што има уцена за укинување на еден колективен договор за 130 илјади работници во јавниот сектор во Македонија на сметка на неколку илјади работници во јавниот сектор. Тоа што забораваат да ви го кажат или забораваат да го кажат колегите од другите синдикати кои за жал, слават први мај на 30 април е тоа што тие прифаќаат далеку пониски износи од тоа што е предвидено денеска и со закон и со колективен договор. ССМ нема да дозволи ниту еден работник од ССМ да пати за зголемување на платите, кажа Трендафилов.

Тој истакна дека нема социјален дијалог, затоа што нема Економско-социјален совет, репрезентативен синдикат на страна на работниците, нагласувајќи дека не мора да биде ССМ, туку кој било друг синдикат.

– Се  додека имаат изговори дека немаат социјален партнер репрезентативен од спротивната страна да ги истакнува барањата на работниците ако не нè слушаат на маса ќе нè слушаат на улица, рече Трендафилов.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, вчера изјави дека КСС секогаш излегувала на протест кога за тоа ќе почувствувала дека има потреба и дека денеска ќе биде дома со семејството.

Според него, и без репрезентативни синдикати, на ниво на грански синдикати се разговарало со Владата која покажала подготвеност од 1 мај да почне повторно и поголемо зголемување на платите во јавниот сектор, но, зошто тоа нема да се случи, треба, оцени, да кажат оние што ќе протестираат.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ