• Latest
Фото: Wikimedia commons

Следниот повеќегодишен Буџет на ЕУ, американските царини и Украина меѓу темите на мајската сесија на ЕП

May 5, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Следниот повеќегодишен Буџет на ЕУ, американските царини и Украина меѓу темите на мајската сесија на ЕП

May 5, 2025 10:33
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ 2028-2034, одговорот на Унијата на американските царини, случувањата поврзани со Украина, состојбите со емисиите на јаглерод диоксид, снабдувањето со гас и извештаите за Турција, Србија и Косово ќе бидат меѓу главните теми за расправа на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур.

Сесијата ќе започне доцна попладнево со комеморација за неодамна починатиот папа Франциск, по што ќе следата дебати за подготовките на Самитот ЕУ-Велика Британија, како и за годишните извештаи за борбата против финансиски измами и за финансиските активности на Европската инвестициска банка за 2023 година, по кои ќе се гласа утре.

Утре заседанието ќе продолжи со дебата меѓу европратениците со претставници на Европската комисијата и на Советот на ЕУ посветена на одговорот на Унијата на царините и трговските мерки воведени од страна на администрацијата на САД, како и на можностите на блокот за развој на глобалните трговски односи.

По оваа ќе следи дебата за стандардите за емисиите на штетни гасови од страна на новите автомобили и лесни комерцијални возила во пресрет на гласањето за измените на Регулативата на дозволените емисии на јаглерод диоксид на овие возила, кое е предвидено за в четврток.

Во терминот за гласање на денешното заседание на Парламентот, европратениците, меѓу другото, ќе треба да се изјаснат за Инструмент за развој и раст на пограничните региони и за амандманите за европските регулативи согласно измените на меѓународните здравствени прописи.

Попладневното продолжение на заседанието ќе започне со дебата за барањата и приоритетите на европратениците за следната Повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година. Од оваа дебата треба да произлезе резолуција по која ќе се гласа в среда.

По ова европратениците ќе расправаат и за „заштитата на правото на Гренланд да одлучува за својата иднина“, за соработката на ЕУ со Куба и за Европска стратегија за отпорност на водата.

За крајот на сесијата во вторник предвидени се дебати по извештаите за Европскиот парламент за Турција, Србија и Косово за 2023 и 2024 година, за чие усвојување европратениците треба да се изјаснат в среда.

Клучната дебата на овонеделната сесија на ЕП насловена „Поддршката од ЕУ за праведен, одржлив и сеопфатен мир во Украина“ е предвидена за в среда претпладне, кога европратениците ќе расправаат со претставници на Европскиот совет и на Еврокомисијата за можностите на Унијата за постигнување мировен договор за Украина.

По дебатата, ќе се одржи пленарна церемонија на одбележување на 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, на која ќе присуствуваат и воени ветерани.

За попладневното продолжени на сесијата е предвидена тематска дебата за поттикнување и финансирањето на иновациите и за политиката на ЕУ за конкурентност.

По ова европратениците, меѓу другото, ќе расправаат за отпорноста на енергетската инфраструктура на ЕУ по неодамнешниот прекин на електричната енергија на Иберискиот Полуостров, за високите малопродажни цени на храната и нивното влијание врз европските потрошувачи, за снабдувањето со гас пред следната зимска сезона, за враќањето на украинските деца насилно префрлени и депортирани од Русија, како и за состојбата со човековите права во Танзанија и на Тибет.

В четврток заседанието ќе започне со дебатата „80 години по завршувањето на Втората светска војна: Слободата, демократијата и безбедноста како наследство на Европа“, по што ќе следи расправа за комерцијалните практики на внатрешниот пазар на ЕУ.

За крај на овонеделната сесија на Европарламентот е предвидена дебата за мерките на ЕУ за превенција и спречување на ракот, кардиоваскуларни и невролошки заболувања и мали сипаници.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ