„Ние сме големи инвеститори и британската влада реши да го надогради преку договор меѓу двете влади кој што се фокусира на трговија и инвестиции за да се креира поголем раст и стотици милиони фунти од кои што граѓаните ќе имаат корист заедно со граѓаните на нашата земја“, изјави амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон на денешната прес конференција за стратешко партнерство со Северна Македонија.
„Ова не е партнерство само на хартија, ова е партнерство на споделени вредности и посветеност. Како дел од тоа Преку билатерално партнерство ќе ја продлабочиме нашата соработка во образованието, прекугранична соработка, справување со организираниот криминал, како и криумчарањето на мигранти од овој регион во Обединетото кралство и во други земји“, изјави Лосон.
Лосон додаде дека овој договор ќе се потпише во Лондон, а од македонска срана ќе го потпише заменик претседателот на Владата, а тоа ќе биде секвенца од догооври со кои ќе се зацврсти билатералното партнерство меѓу двете земји.
На прашањето дали стратешкото партнерство ќе подразбира и олеснување на визниот режим за македонските граѓани Лосон одговори дека договорот е за широко партнерство за безбедноста, трговијата, образованието и инвестиции, но не се работи за олеснување на визниот режим.
„Што се однесува до визите имаме одличен однос со државата. Визите се главоболка за британските бизниси, за луѓето од оваа земја и би сакал како амбасадор да работиме на визниот режим во овие преговори и ќе бидам искрен со вас притисоците со мигрантите во ОК се навистина големи, но ова е нешто за што ќе ни биде драго да дискутираме во рамките на ова партнерство.
Б. Ј.