Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја призна и ја осуди „сериозната несреќа“ за време на пуштањето во употреба на нов воен брод во четврток, нарекувајќи ја „криминален чин“ што не може да се толерира, пренесува Би-би-си.
Делови од дното на разорувачот од 5.000 тони беа смачкани, со што бродот беше изместен, објавија државните медиуми.
Ким, кој беше присутен на пуштањетово употреба, нареди бродот да биде обновен пред клучниот состанок на партијата во јуни, а оние вклучени во дизајнирањето на бродот да бидат одговорни за инцидентот, за кој рече дека „сериозно го оштетил достоинството и гордоста на нашата нација во еден момент“.
Извештаите на државните медиуми не споменаа никакви жртви или повредени како резултат на инцидентот.
Ким ја припиша несреќата во четврток, која се случи во бродоградилиште во источниот пристанишен град Чонгџин, на „апсолутна невнимателност, неодговорност и ненаучен емпиризам“.
Тој додаде дека „неодговорните грешки“ на вклучените ќе бидат разгледани на пленарна седница следниот месец.
Не е јасно каква казна би можеле да се соочат, но авторитарната држава има жална евиденција за човекови права. Луѓето можат да бидат затворени за речиси сè, велат активистите, од гледање јужнокорејско ДВД до обид за дезертирање.
Инцидентот од четвртокот доаѓа неколку недели откако Северна Кореја претстави нов разорувач од 5.000 тони на западниот брег на земјата, за кој рече дека е опремен да носи над 70 ракети.
Ким го нарече воениот брод „пробив“ во модернизацијата на поморските сили на земјата и рече дека ќе биде распореден на почетокот на следната година.
М. Д.