• Latest
Фото/, Х на унраинската амбасадорка Лариса Дир

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

June 4, 2025
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

Претседателот Зеленски објави видео во спомен на децата убиени од Русија во нејзината војна и истакна дека во спомен на секое убиено дете треба да има вистинска солидарност на светот за Русија да биде одговорна за она што го сторила и да биде принудена да го врати украдениот мир во Украина.

June 4, 2025 13:40
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, СВЕТ
Фото/, Х на унраинската амбасадорка Лариса Дир

Фото/, Х на унраинската амбасадорка Лариса Дир

Share on FacebookShare on Twitter

Денес е 4 јуни, ден на сеќавање на децата кои станаа жртви на рускиот терор, објави Министерството за внатрешни работи на Украина и наведе податоци според кои, од почетокот на целосната руска воена инвазија врз Украина, како резултат на руските воени злосторства, 631 дете загинало, а уште 1971 се повредени.

По тој повод, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х на 1197 ден од руската војна во Украина посочи дека на 4 јуни оддаваме почит на децата кои беа убиени од руската војна. Од почетокот на целосната руска воена агресија, загинаа 631 дете, а 1971 дете беа повредени. Младите животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот. #StopRussia

Ден 1197. На 4 јуни оддаваме почит на децата кои беа убиени од руската војна.
Од почетокот на целосната руска воена агресија, загинаа 631 дете, а 1971 дете беа повредени.
Младите животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот.#StopRussia pic.twitter.com/XkqNFwE0w4

— Larysa Dir (@dir_larysa) June 4, 2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави видео во спомен на децата убиени од Русија во нејзината војна и истакна дека во спомен на секое убиено дете треба да има вистинска солидарност на светот – во Европа, во Америка, во другите делови од светот – за Русија да биде одговорна за она што го сторила и да биде принудена да го врати украдениот мир во Украина.

„Овие деца беа убиени од Русија со нејзината војна. Момчиња и девојчиња чии животи беа прекинати од руски напади и гранатирање, од непријателства што Украина не ги сакаше ниту секунда, но од кои се бранеше со години“, рече претседателот Зеленски во описот на објавеното видео. – На 4 јуни им оддаваме почит на сите такви деца“.

Претседателот нагласи: „Светот не смее да ја заборави и да ѝ прости на Русија за оваа ужасна болка и таква агресија – апсолутно неиспровоцираната и криминална руска војна против Украина“.

Во спомен на секое убиено дете, во спомен на секој уништен човечки живот, мора да има вистинска солидарност на светот – сите во Европа, сите во Америка, сите во другите делови на светот – за Русија да биде одговорна за она што го сторила и да биде принудена да го врати украдениот мир на Украина и Украинците, нагласи Зеленски.

Д. Мишев

Tags: 4 јуни- ден на сеќавање на украинските деца кои станаа жртви на рускиот терорВолодимир Зеленскиукраинската амбасадорка Лариса Дир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ