• Latest

„Уметност што преживува војни, цензури, сиромаштија…“

March 27, 2017

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Уметност што преживува војни, цензури, сиромаштија…“

March 27, 2017 11:32
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Светот денеска го одбележува Меѓународниот дена на театарот – 27 Март. Со голем број претстави и читање пораки за сценска уметност, ќе се пренесе идејата за значењето на театарот во светот.

„Додека ви се обраќам, јас не сум јас, не сум актерка, јас сум една од многуте луѓе, благодарение на кои театарот постои. Тоа е и наша должност, но пред сè наша потреба; како што се вели – ‘Не постои театарот поради нас, туку ние постоиме, благодарејќи му нему’. Театарот е силен! Тој се спротивставува и преживува сè: војни, цензури, сиромаштија“,  вели француската филмска и театарска актерка, 64-годишната Изабел Ипер, која оваа година е автор на светската порака за Денот на театарот.

Изабел Ипер, филмска и театарска актерка

„Се вели дека доволно е да се каже ‘театарот е гола сцена од некое неодредено време’, сè  што ѝ треба е актер или актерка. Што ќе прават, што ќе кажат… Публиката чека и ќе дознае. Конечно, без публика нема театар, тоа никогаш да не го заборавиме. И само еден човек е публика. Но, да се надеваме на помалку празни столчиња“, апелира Ипер во својата порака.

Македонската порака по повод 27 Март, ја напиша Благој Мицевски, костимограф, режисер и уметнички  директор на Народниот театар од Битола.

„Многумина, исто така, ќе речат дека театарот има моќ да го менува светот на подобро. Сведоци сме дека тоа не е така, но, сепак, театарот има моќ да го менува човекот, да создава подобри светови од оној во којшто секојдневно живееме, да создава слики што порано не сме ги виделе, јазик што сите го разбираме и на кој заедно се смееме или плачеме“, истакнува Мицевски.

„Театарот е храна и тоа онаа многу популарната – органска. Затоа што сами ја засејуваме, затоа што знаеме на каква почва ја одгледуваме, затоа што не ја прскаме со вештачки ѓубрива, туку ѝ подаруваме љубов, а не лажни ветувања. Храна, која иако понекогаш ни го превртува желудникот, нѐ прави да се чувствуваме добро и долго да живееме“, се вели во пораката на Мицевски.

Денот на театарот во Скопје се одбележува на академската сцена на Факултетот за драмски уметности, каде што со театарски маратон од дела создадени од студентите и професорите на ФДУ, ќе се пренесе магијата на театарот.

Марија Теговска

Tags: Благој МицевскиИзабел ИперМеѓународен ден на театаротПретставатеатарФДУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ