• Latest

Костадинов ја замрзнува партиската припадност во СДСМ, најавува ново интерпартиско делување по изборите

July 3, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадинов ја замрзнува партиската припадност во СДСМ, најавува ново интерпартиско делување по изборите

July 3, 2025 09:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов ја замрзнува партиската припадност во СДСМ и најавува креирање на ново интерпартиско делување кое ќе биде презентирано по завршување на локалните избори.

– Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина, напиша вечерва Костадинов на Фејсбук откако лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција соопшти дека кандидат за градоначалник на Струмица на претстојните локални избори ќе биде Маријан Даскаловски.

Во објавата Костадинов вели дека неговата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, се додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото.

– Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите. Нов тек. Нова целост. Ова не е адут за кампања. Ова е должност кон идејата во која верувам, напиша Костадинов.

Додава дека останува социјадемократ и дека Струмица ќе продолжи да победува дури и без него како кандидат.

– Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена. Не затоа што се плашам од пораз, јас не знам што значи да изгубиш избори, туку затоа што нема вистинска понуда за градот. Нема суштинска дебата, нема нова визија, нема предизвик. А човек што нема предизвик – ќе победи, но ќе тапка во место. А тоа е пораз што не го прифаќам. Паметно е да направиш чекор назад кога немаш конкуренција, за да ја видиш планината од дрвото кое што сега ти ја крие, вели Костадинов во објавата.

Претходно, лидерот на СДСМ на прес-конференција на која обелодени имиња на дел од кандидатите за градоначалници на претстојните избори, рече дека очекува од Костадинов да се стави на располагање на партијата исто како што партијата била тука за него во изминатиот период, пренесе МИА.

Костадинов пред една недела му упати клетва и закана за одмазда на новинарот Драган Павловиќ Латас, бидејќи на еден потксат го споменал името на неговиот починат татко во негативна конотација како коцкар.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ