• Latest
Фото: Основно јавно обвинителство

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025 11:10
in Uncategorized
Фото: Основно јавно обвинителство

Фото: Основно јавно обвинителство

Share on FacebookShare on Twitter

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) e отворена првата специјализирана просторија за сослушување на деца жртви и сведоци на трговија со луѓе. Проектот е реализиран со поддршка на регионалниот проект EU4FAST – „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Германија, Италија и Холандија.

Просторијата е прва од ваков вид во рамките на јавното обвинителство во државава, прилагодена според највисоките европски и меѓународни стандарди чија цел е создавање безбедна и поддржувачка средина за жртвите на трговија со луѓе, особено децата.

„Оваа донација за нас не е само материјална поддршка, туку признание дека сме на добар пат и се залагаме за вистинските вредности – особено кога се во прашање децата и ранливите категории,“ изјави Основниот јавен обвинител Ислам Абази во своето поздравно обраќање, додавајќи: „Просторијата не е само функционален простор, туку алатка од суштинско значење. Таа е одраз на нашата заложба како институција да бидеме на страната на граѓаните – особено на оние на кои најмногу им е потребна заштита и разбирање.“

Во духот на воспоставување на нови стандарди, јавниот обвинител Абази го заврши своето обраќање со инспиративна порака: „Нека оваа просторија биде почеток на нови стандарди – стандарди кои ќе го почитуваат човекот, ќе го штитат детето и ќе ѝ дадат лице на правдата која зрачи со доверба.“

Еден од главните подржувачи на оваа иницијатива е Сојузна Република Германија во чие име на присутните им се обрати амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија Нејзина Екселенција Петра Дрекслер која истакна:

„Денеска отвораме ново поглавје и чест ми е да бидам дел од тоа. Борбата против трговијата со луѓе е заедничка цел во нашата соработка меѓу ЕУ земјите и земјите на Западен Балкан. Еден од клучните аспекти е да се идентификуваат жртвите и да им се пружи соодветна заштита. Особено е важна заштитата на најранливите – децата жртви во текот на целиот кривичен процес, а тоа вклучува и креирање безбедна средина во која ќе можат да го дадат својот исказ. Сакаме оваа иницијатива да биде одржлива и ефективна и ќе продолжиме да ја поддржуваме“.

Освен Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, овој простор ќе го користат и другите обвинителства со проширена надлежност што имаат потреба од ваков простор. Во таа насока Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, заблагодарувајќи се за донацијата од името на Јавното обвинителство изјави:

„Оваа просторија е одраз на нашите заложби да го трансформираме обвинителството од студена институција во модерна европска организација, која ги става правата на најранливите во фокусот на своето работење.“ Тој го посочи и недостатокот на буџетската поддршка за вакви иницијативи, при што посебно ја нагласи улогата на донаторите: „Со оваа иницијатива, едно студено катче стана простор кој зрачи со топлина и доверба. Тоа е нашата визија за обвинителството – институција со лице, со емпатија и со човечност.“

Проектот „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан“ започна со цел да ги зајакне капацитетите на институциите за идентификување и заштита на жртвите, со посебен акцент на децата и другите ранливи категории. Како дел од овие активности, во тесна соработка со ОЈОГОКК, се воспостави специјализираната просторија, како симбол на нов пристап – заснован на човековите права, емпатија и професионализам. Во наредниот период со поддршка на проектот ќе се развиваат стандардни оперативни процедури и ќе се спроведе симулациска вежба, со цел оваа иницијатива да биде вистински функционална, етички исправна и во целосна служба на жртвите и правдата, како и воспоставување на добри практики што ќе останат трајна вредност за системот.​

Фото: Основно јавно обвинителство

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ