Како се гласа? Кој ја гарантира законитоста на изборите? Кои се вашите права и обврски како гласачи? Што е дозволено, а што строго забрането за време на изборниот молк, но и воопшто за време на целиот изборен процес? Што се случува со вашето гласачко ливче откако ќе ја изразите вашата волја?
Исто така:
Како да ги препознаете дезинформациите, тролањето и говорот на омразата — и што да направите ако ги забележите или сте нивна мета?
Ние имаме одговор.
ЦИВИЛ, основан во 1999 година, повеќе од една и пол деценија (од 2008 година) работи директно на изборните процеси во земјата — од сеопфатно набљудување и граѓанска едукација, до анализи и изработка на стратешки документи за политики и препораки за институциите. Нашата мисија е да обезбедиме слободни, фер и демократски избори, во кои секој глас е заштитен и важен.
За разлика од парламентарните, локалните избори се однесуваат на избор на градоначалници и советници во општините — одлуки кои непосредно влијаат врз секојдневниот живот во вашата заедница. Токму затоа е клучно вашето активно и информирано учество.
Зошто е важно?
Вашето право на глас е темел на демократијата. Кога учествувате на изборите, вие ја градите иднината на вашата заедница и земја. Секој обид за изборна манипулација, било преку притисок, закана, насилство, корупција или дезинформации, е напад врз вашите права.
Како можете да (си) помогнете?
- Информирајте се од релевантни извори.
- Пријавете нерегуларности, притисоци, закани, насилство, корупција, дезинформации или говор на омраза.
- Препознајте и спречете штетни појави преку споделување на точни информации.
Како да нѐ контактирате?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk
ЦИВИЛ е тука да ја зајакне јавната свест, да ги разобличи дезинформациите и да помогне вашиот глас да биде слушнат и заштитен.
Вашиот глас има моќ. Искористете ја.
ЦИВИЛ – Центар за слобода