• Latest
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025 16:14
in Uncategorized
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Share on FacebookShare on Twitter

Ние, членовите на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца, ја повторуваме нашата непоколеблива посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна воена инвазија на Украина од страна на Русија, во согласност со меѓународното хуманитарно право и Конвенцијата на ОН за правата на детето, стои во објавата уна краинското МНР.

Во контекст на својата агресивна војна против Украина, Руската Федерација незаконски депортира и насилно префрли украински деца на своја територија и од привремено окупираните области на Украина, како што е документирано од меѓународните тела, вклучително и Меѓународниот кривичен суд. Илјадници од овие деца остануваат во Русија, далеку од своите семејства и заедници.

За време на нивниот билатерален состанок одржан во Истанбул на 2 јуни 2025 година, Владата на Украина ѝ достави на Руската Федерација почетен список од 339 украински деца незаконски депортирани во Руската Федерација или присилно префрлени од привремено окупираните области на Украина, и формално побара нивно итно и безусловно враќање. Ова претставува критичен хуманитарен чекор и вистинска можност Руската Федерација да демонстрира добра волја преку конкретни мерки за градење доверба. Во светлината на изјавите дадени од претставниците на Руската Федерација на 23 јули 2025 година, ја повикуваме Руската Федерација да:

● Да дејствува брзо и смислено по првичниот список на деца презентиран од Украина, обезбедувајќи нивно итно и безусловно враќање во нивните семејства и заедници во Украина.

● Да го олесни враќањето на сите незаконски депортирани и присилно трансферирани украински деца во согласност со меѓународното право и релевантните резолуции на ОН.

● Да обезбеди целосни и проверливи информации за сите незаконски депортирани и присилно трансферирани украински деца под ефективна контрола на Руската Федерација, вклучувајќи го нивното местоположба, благосостојба, правен статус, здравствена состојба и да обезбеди непречен пристап за меѓународните хуманитарни организации за да ја проценат нивната ситуација и да ги заштитат нивните права и благосостојба.

● Да престане со менување на идентитетот на децата, вклучително и промени во нивното државјанство, сместување во руски семејства или институции, идеолошка индоктринација и изложеност на милитаризација.

Меѓународната коалиција ја користи оваа можност да ја потврди заедничка посветеност на заштитата на децата во вооружени конфликти и Со загриженост забележува дека Годишниот извештај на Генералниот секретар на ОН за децата и вооружените конфликти (CAAC) за 2025 година евидентираше најголем број потврдени прекршувања досега.

Од Коалицијата, како глобална заедница, велат дека мора да обезбедат заштитата на сите деца погодени од руската агресивна војна против Украина да остане на чело на нивната хуманитарна акција и дипломатски напори.

Враќањето на украинските деца е еден витален чекор во овој поширок императив, за да се обезбеди децата никогаш да не се користат како пиони на војната. Сите активности мора да бидат водени од најдобрите интереси на детето во согласност со меѓународното право.

Ние, членовите на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца, потврдуваме дека почитувањето на меѓународното хуманитарно право и правото за човекови права е обврзувачка обврска за сите страни во вооружениот конфликт – особено во обезбедувањето заштита на децата, заштитата на нивниот идентитет и достоинство и овозможувањето услови за нивно безбедно и доброволно враќање, во согласност со меѓународните норми и принципи, се вели во изјавата.

По тој повод, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир,преку својот налог на Х упати искрена благодарност на Северна Македонија за приклучувањето кон Заедничката изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца во врска со незаконската депортација и присилно преселување на украински деца од страна на рф.

Искрено сме благодарни на🇲🇰за приклучувањето кон Заедничката изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца во врска со незаконската депортација и присилно преселување на украински деца од страна на рф – https://t.co/d9Y8IDnXJd#StandWithUkraine pic.twitter.com/B0XWeW1HHZ

— Larysa Dir (@dir_larysa) August 6, 2025

Страдањата на децата се една од најнеподносливите трагедии на војната на рф против Украина. Ги цениме напорите и поддршката на Северна Македонија за децата да не бидат заложници на војната, напиша амбасадорката Дир на Х.

Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ