Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигнува на Даунинг стрит каде беше пречекан од британскиот премиер Сер Кир Стармер, објави Скај њуз.
Средбата се случува само еден ден пред Доналд Трамп да се сретне со Владимир Путин во Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Канцеларијата на Стармер даде малку детали за агендата на неговиот состанок со Зеленски. Двајцата лидери се прегрнаа, се ракуваа и разменија кратки забелешки пред да влезат во резиденцијата на премиерот. Тие не одговорија на прашањата од новинарите.
Разговорите меѓу Зеленски и Стармер се одржуваат само еден ден пред самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, каде што се очекува прекин на огнот во Украина да биде централна тема.
Претходно, украинскиот претседател се сретна со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин на 13 август. По нивните билатерални разговори, двајцата лидери се придружија на видеоконференција со европските шефови на држави, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и американскиот претседател Доналд Трамп.
За време на посетата на Зеленски на Германија, се одржа и шестиот состанок на Коалицијата на волните. Учесниците разговараа за клучните елементи на безбедносните гаранции за Украина, идните иницијативи за поддршка и развојот на заеднички проекти.
Д. Мишев