Избирачкото право е основно демократско и човеково право, преку кое граѓаните учествуваат во избор на претставници во државната и локалната власт.
Се дели на две форми:
Активно избирачко право – правото на секој полнолетен граѓанин со државјанство да гласа на избори.
Пасивно избирачко право – правото на секој полнолетен граѓанин кој исполнува законски услови да биде избран за претставник (пратеник, советник, градоначалник и сл.).
Во Северна Македонија, ова право е гарантирано со Уставот и детално уредено со Изборниот законик.
Основни принципи се: еднаквост, општост, тајност и непосредност на гласањето. Претседателот на Републиката, пратениците, членовите на советите и градоначалникот на општината се избираат на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање.
Никој не смее да го повика избирачот на одговорност заради гласањето, ниту пак од него да бара да каже за кого гласал или зошто не гласал.
Заштита на избирачкото право
Постапката за заштита на избирачкото право е итна. Избирачите на кои им е повредено избирачкото право, според Изборниот законик, член 149, на денот на гласање во рок од 12 часа поднесуваат приговор до ОИК. ДИК е должна да донесе одлука во рок од 2 часа. Против оваа одлука може да се поднесе тужба до Управен суд во рок од 12 часа по приемот на решението. Управниот суд е должен да постапи по тужбата во рок од 2 часа по нејзиниот прием.
Секој избирач на кого му е повредено лично избирачкото право во секоја фаза од изборниот процес, може да поднесе приговор до ДИК непосредно или преку ОИК, во рок од 48 часа.
Исто така, избирачите треба да имаат предвид дека ако одлуката на ДИК по поднесен приговор се однесува на одредено дејствие на избирачкиот одбор или избирачот ги исполнува законските услови да биде запишан во избирачкиот список, a процесот на гласање е во тек, на избирачот ќе му се овозможи остварување на избирачкото право, преку процедура предвидена во посебно упатство донесено од ДИК.
Како да го контактирате ЦИВИЛ?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk