• Latest
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Обвинение против сопственикот на „Рубикон“ за пожарот во дискотеката „Пулс“

September 5, 2025

Владата ја пушти „втората рата“ од 17 километри од делницата Кичево – Охрид

September 7, 2025

Тинејџери шетаат со пиштоли на улица и во кафуле – полицијата интервенира, но каде е системот?

September 7, 2025
Фото: МВР

Пијан возач со тротинет удри во толпа на протест против „Вардариште“ во Аеродром

September 7, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Вучиќ го разреши „непослушниот“ командант на антитерористичката единица Спасоје Вулевиќ

September 7, 2025

Во болницата во Кочани се задржани четири пожарникари, осуммина се на Токсикологија во Скопје

September 7, 2025

(Видео) Русија погоди владин објект во Кијив, загинаа три лица меѓу кои и едно бебе

September 7, 2025

САД со нови предлози за примирје и ослободување на заложниците во Газа

September 7, 2025

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

September 7, 2025

Пожарот во „Винчини“ ставен под контрола, повредени неколку пожарникари – згазиле во стопен шеќер

September 7, 2025

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

September 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинение против сопственикот на „Рубикон“ за пожарот во дискотеката „Пулс“

September 5, 2025 12:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителството поднесе нов обвинителен акт против уште едно лице во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 62 лица, а над 220 беа повредени. Новообвинетиот, реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушн“, се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот. Обвинението е поднесено до Основниот кривичен суд Скопје, а обвинителството бара продолжување на сите претходно определени мерки за обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на постапката.

-И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери, стои во соопштението од Обвинителството.

Последниот обвинет, во временскиот период од септември 2022 година до денот на пожарот, во Скопје и Кочани, како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, заеднички со веќе обвинетиот управител, раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата за обезбедување.

-Тие, иако имале сопственичка одговорност, не постапиле согласно чл.3 од Закон за приватно обезбедување, со тоа што не презеле мерки и активности заради спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои го загрозуваат телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува и согласно чл.6 од Закон за приватно обезбедување, односно обезбедувањето го вршеле без да имаат склучено писмен договор за приватно – физичко обезбедување со корисникот на услугата –угостителски објект „Клуб Пулс“ и без воопшто да водат грижа, контрола и надзор при исполнување на обврските на лицата кои вршеле обезбедување на имот и лица, велат од обвинителсто.

Оттаму образложуваат дека на критичниот ден, тројца вработени во агенцијата со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедуваат објектот во Кочани без да утврдат претходна безбедносна проценка со проверка по однос на сигурносните услови на објектот, опасностите и можностите за евакуација во случај на опасност, без проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на посетители. Притоа, спротивно на законските обврски, правното лице не изготвило и не доставило План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и не биле ангажирани повеќе работници на обезбедување како што налагале условите во објектот.

-Вработените распоредени од Агенција за обезбедување „Рубикон“ не постапиле по одредбите од Закон за приватно обезбедување и не извршиле проверка на идентитетот и возраста на лица при влез на објектот што го обезбедувале и со тоа овозможиле влез на деца – лица кои не наполниле 18 години и нивно присуство во објектот по 00.00 часот. Не постапиле и согласно законската обврска да извршат преглед на лица при влез во објектот што се обезбедува, а заради пронаоѓање предмети кои може да се користат заради уништување или оштетување на имотот, како и предизвикување опасност по животот, со што не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материии – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот, дополнуваат од обвинителството.

Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлегло дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице.

-Од тие причини, иако истрагата за ова лице е завршена и доказите се обезбедени, јавните обвинители кои постапуваат проценија дека сѐ уште постојат одредени ризици за негово целосно обезбедување во текот на постапката. Имајќи предвид дека Судот, одлучувајќи по жалба на обвинетиот, веќе ја заменил претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор и со дополнителни забрани за напуштање на живеалиштето, за комуникација со одредени лица и одземање на патна исправа, јавното обвинителство до судот достави и предлог за продолжување на сите определени мерки и забрани, велат од обвинителство.

Во врска со пожарот во Кочани е поднесен обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за тешки дела против општата сигурност, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ