Поранешните директори на „Маѓар Телком“, Елег Штрауб и Андрас Балог се спогодиле да платат парични казни и добиле и петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави вчера Американската комисија за хартии од вредност.
Штрауб ќе плати кана од 250,000 долари, а Балог од 150,000 долари.
„Директорите од ‘Маѓар Телеком’ беа обвинети за предводење на тајните договори со премиерот и други лица од Македонија со цел да ја спречат конкуренцијата на пазарот“, изјави Стефани Авакиан, извршен директор на Одделот за истраги во Комисијата за хартии од вредност. Според неа, во февруари годинава третиот директор направил спогодба со судот и платил казна од 60.000 долари со што го признал делото дека фалсификувал книги на компанијата во врска со шемата за плаќање мито на македонски политичари.
Претходно, во првиот процес којшто се водел во Окружниот суд во Њујорк во декември 2011 компанијата Маџар Телеком плати 95 милиони долари казни.