Проруската партија на Јанко Бачев, Единствена Македонија, ќе настапи на локалните избори со 29 листи, а нивниот слоган е: „Да си ја вратиме државата“. Кандидат за градоначалник партијата има во Виница, Кочани, Лозово и Град Скопје, додека во другите општини ќе се борат само преку советнички листи.
Во центарот на вниманието е и „уставобранителот“ Вилијам Михајловски – Гајда, кој во моментов издржува 14-годишна затворска казна за нападот врз пратеници на СДСМ и Алијансата за Албанците на 27 април 2017 година. Михајловски – Гајда ќе ја води Комисијата за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници при Единствена Македонија, што дополнително ја нагласува контроверзната природа на партијата.

Слични теми и наративи како „да си ја вратиме државата“ се присутни и во изборните кампањи на некои проруски партии, особено во контекст на национализам, суверенитет и антиевропски ставови.
Во Молдавија, проруските партии како Патриотскиот блок ја користат реториката за „враќање на суверенитетот“ и „враќање на мирот“, со акцент на прекинување на западното влијание и враќање на блиски односи со Русија.
Во Русија, партијата „Обединета Русија“ во 2024 година користела слоган „Заедно сме силни – гласајте за Русија!“, што носи националистички и суверенистички тон.
Употребата на наративи за „враќање на државата“ или „враќање на суверенитетот“ е типична за некои проруски партии, а слоганот на Единствена Македонија се вклопува токму во оваа шема.
ТИМ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)