Премиерот Сер Кир Стармер ќе врши притисок врз сојузниците да ѝ обезбедат на Украина повеќе ракети со долг дострел за да ги погодат руските цели на состанокот во Лондон во петок, пренесува Би-би-си.
Тој ќе биде домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со таканаречената „коалиција на волните“, составена од повеќе од 20 сојузници на Украина кои се согласија да му обезбедат на Киев безбедносни гаранции откако ќе се постигне прекин на огнот.
Зеленски со недели апелира за повеќе оружје со долг дострел од Западот, потег за кој Русија предупреди дека ќе го ескалира конфликтот.
Зеленски пристигнува по две дипломатски победи оваа недела: одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп конечно да воведе дополнителни санкции против Русија и согласноста на Европската унија да финансира дупка во буџетот на Украина.
Сер Кир се надева дека ќе го одржи моментумот со зголемување на притисокот врз Москва да преговара за крај на војната.
Меѓу лидерите што ќе присуствуваат на самитот во петок ќе бидат генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, данската премиерка Мете Фредериксен и холандскиот Дик Шуф. Други, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон, кој ќе се приклучат виртуелно.
Сер Кир ќе ги повика лидерите да го зголемат снабдувањето со оружје со долг дострел по успешниот напад врз хемиската фабрика во Брјанск, Русија, со користење на ракетите „Сторм Шедоу“ набавени од Велика Британија.
Д. Мишев












