Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалните мрежи на 1349 ден од руската војна во Украина објави за уште еден руски терор co ракети и дронови врз мирните украински градови.
Ден 1349. рф продолжува со воздушниот терор против мирните градови. Под ударите на Кинџалите и Шахедите се најдоа Миколаjивскиот и Сумскиот регион. Во текот на 3 години рф не ја промени својата агресивна суштина. Единствениот одговор се — строги санкции, поголема поддршка за Украина, напиша амбасадорката Дир.
Ден 1349. рф продолжува со воздушниот терор против мирните градови. Под ударите на Кинџалите и Шахедите се најдоа Миколаjивскиот и Сумскиот регион.
Во текот на 3 години рф не ја промени својата агресивна суштина. Единствениот одговор се — строги санкции, поголема поддршка за🇺🇦 pic.twitter.com/cHAW1Z6KMb— Larysa Dir (@dir_larysa) November 3, 2025
Претходно, ЦИВИЛ Медиа објави дека Русија продолжува со ракетниот терор врз Украина. Најмалку 15 цивили се убиени, а 20 други се повредени во текот на изминатиот ден во руските напади низ Украина, откако Русија ја таргетираше Украина со две балистички ракети и 79 дронови за напад, вклучувајќи околу 50 дронови од типот „Шахед“, како и дронови „Гербера“ и мамки.
Д. Мишев











			
