• Latest
Скриншот од видео на Инфомакс

„Заканите почнаа да се реализираат“: Насилен упад во студиото на Инфомакс среде подкастот „Тешки муабети“

December 11, 2025
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Заканите почнаа да се реализираат“: Насилен упад во студиото на Инфомакс среде подкастот „Тешки муабети“

December 11, 2025 10:21
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Скриншот од видео на Инфомакс

Скриншот од видео на Инфомакс

Share on FacebookShare on Twitter

Вчера вечер, во 23 и 45 часот додека траеше емисијата „Тешки Муабети“ се случи голем инцидент во студиото на Инфомакс каде непознато лице упадна во студиото среде подкаст.

Имено, како што објави Инфомакс, лицето најпрво почна да навредува, да се заканува по живот за потоа да ја скрши вратата од дворот која е со шифра, а потоа да ја скрши и влезната врата од студиотo каде се обиде физички да се пресмета со присутните. Нападот е снимен од надзорните камери како и со уште една камера.

Повиците за насилство од претставници и симпатизери на власта резултираа со најголемиот инцидент во медиум во историјата на независна Македонија, физички напад во живо додека трае програма.

Од Инфомакс очекуваат сите надлежни институции да ја водат постапката до крај, но очекуваме и сите колеги новинари и медиумски здруженија да се солидаризираат затоа што медиумите се основа на едно демократско општество.

Им благодариме на илјадниците луѓе кои што излегоа со поддршка за Инфомакс, слободната мисла и правото на слобода на говор. Што и да се случи Инфомакс ќе продолжи со работа со најбрзи информации и без цензура, велат од Инфомакс.

Со реакција по бруталниот напад врз редакцијата на „Инфомакс“,излезе  Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, со што беше загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата.“

Според информациите од колегите од Инфомакс, непознато лице пристигнало со такси пред редакцијата за време на емисијата. Напаѓачот започнал агресивно да удира и тропа по влезната врата, која била заклучена и обезбедена со шифра. По кратко време, успеал насилно да ја скрши и да влезе во дворот на редакцијата. Во моментот кога екипата направила пауза од емитувањето, новинарот Милош Милошевски излегол да провери што се случува. Напаѓачот, продолжил да се движи кон другиот дел од објектот, каде што со сила искршил уште една врата обидувајќи се да стигне до студиото

Според сведочењата нa колегите, лицето упатувало навреди и закани по живот, а насилното упаѓање во редакцијата довело и до насилно прекинување на емитувањето на програмата, со што директно било спречено новинарите да ја вршат својата професионална должност и слободно да информираат.

„Ваквото однесување, може да биде опфатено со одредбите од член 382 од Кривичниот законик Спречување службено лице во вршење службено дејствие, со предвидени казни до три години затвор, со оглед дека напаѓачот насилно упаднал во студиото, кршел инвентар и насилно ја прекинал работата на новинарите а со тоа и нивната обврска слободно да информираат.

Овој инцидент претставува сериозно нарушување на безбедноста на медиумските работници и директен напад врз слободата на изразување. Настанот уште еднаш ја потсетува јавноста и институциите на неопходноста од обезбедување безбедна и заштитена средина за работа на медиумите.“

„Бараме најстрога санкција за сторителот, со цел спречување на идни напади и нулта толеранција кон насилство врз новинари.

Очекуваме сите надлежни институции, вклучително и полицијата и обвинителството, да постапат професионално, ефикасно и без одлагање, со цел случајот целосно да се расчисти во најкус можен рок.“

Од ЗНМ додаваат дека ќе продолжат внимателно да го следат случајот и ќе реагираат секогаш кога е загрозена безбедноста на новинарите и медиумските работници.

М. Д.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ