Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија
Во текот на четири години од руската војна, државата-агресор РФ примени против Украина илјадници и илјадници ракети, дронови и авијациски бомби, упатуваше закани со нуклеарна опасност и користеше тортура, глад, терор и студ како оружје.
Поради масовните напади на РФ, во енергетскиот систем на Украина во моментов е воведен режим на вонредна состојба. Низ целата земја се применуваат итни исклучувања на електричната енергија, а состојбата останува исклучително сложена. Како резултат на постојаните цинични гранатирања од страна на руската армија, жителите на прифронтовите и граничните региони остануваат долгорочно без електрична енергија. Континуираните борбени дејства значително го отежнуваат брзото и ефикасно обновување на снабдувањето со електрична енергија во овие региони. РФ намерно продолжува интензивно да ги напаѓа токму овие подрачја.
Практично без електрична енергија се и потрошувачите во Харкивската и Донецката област поради постојаните ноќни руски напади, иако итните поправки и обновувачките работи не запираат ниту за еден час. Исклучително тешка е состојбата и во Кијив и Кијивската област.


Во услови на отсуство на греење во домовите, луѓето немаат можност да подготвуваат храна. Распоредени се стотици пунктови на отпорност и мобилни кујни, каде што граѓаните можат да добијат оброци и неопходна поддршка.
Луѓето кои речиси деноноќно работат во услови на силен студ – спасувачите, техничарите, енергетичарите – заслужуваат посебна поддршка и благодарност.
Постојаните руски напади го нарушуваат снабдувањето со електрична енергија. РФ применува двоен терор – ракетен терор и терор со студ. Дополнително, РФ се обидува да ги напаѓа трафостаниците што ги поврзуваат нуклеарните електрани со електроенергетската мрежа, со цел да предизвика исклучување на нуклеарното производство.
Очигледно е дека кремљ свесно нанесува масовни ракетни и беспилотни удари врз критичната инфраструктура на Украина, оставајќи стотици илјади луѓе без електрична енергија, греење и водоснабдување, користејќи ги суровите зимски студови.
















































