• Latest

рф продолжува со ракетни напади за време на мразови

January 28, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

рф продолжува со ракетни напади за време на мразови

January 28, 2026 09:48
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Во текот на четири години од руската војна, државата-агресор РФ примени против Украина илјадници и илјадници ракети, дронови и авијациски бомби, упатуваше закани со нуклеарна опасност и користеше тортура, глад, терор и студ како оружје.

Поради масовните напади на РФ, во енергетскиот систем на Украина во моментов е воведен режим на вонредна состојба. Низ целата земја се применуваат итни исклучувања на електричната енергија, а состојбата останува исклучително сложена. Како резултат на постојаните цинични гранатирања од страна на руската армија, жителите на прифронтовите и граничните региони остануваат долгорочно без електрична енергија. Континуираните борбени дејства значително го отежнуваат брзото и ефикасно обновување на снабдувањето со електрична енергија во овие региони. РФ намерно продолжува интензивно да ги напаѓа токму овие подрачја.

Практично без електрична енергија се и потрошувачите во Харкивската и Донецката област поради постојаните ноќни руски напади, иако итните поправки и обновувачките работи не запираат ниту за еден час. Исклучително тешка е состојбата и во Кијив и Кијивската област.

Критичната инфраструктура, електроснабдувањето, греењето и водоснабдувањето беа изложени на брутални напади со крстосувачки и балистички ракети, како и со дронови. РФ ги користи временските услови – наглото заладување – со цел да нанесе што поголема штета врз енергетските објекти на Украина. Таа води војна против цивилното население, обидувајќи се да ја претвори зимата во оружје. Русија свесно создава услови за живот кои можат да доведат до физичко уништување на украинскиот народ, што спаѓа под дефиницијата на член II (с) од Конвенцијата за геноцид.

Во услови на отсуство на греење во домовите, луѓето немаат можност да подготвуваат храна. Распоредени се стотици пунктови на отпорност и мобилни кујни, каде што граѓаните можат да добијат оброци и неопходна поддршка.

Луѓето кои речиси деноноќно работат во услови на силен студ – спасувачите, техничарите, енергетичарите – заслужуваат посебна поддршка и благодарност.

Постојаните руски напади го нарушуваат снабдувањето со електрична енергија. РФ применува двоен терор – ракетен терор и терор со студ. Дополнително, РФ се обидува да ги напаѓа трафостаниците што ги поврзуваат нуклеарните електрани со електроенергетската мрежа, со цел да предизвика исклучување на нуклеарното производство.

Очигледно е дека кремљ свесно нанесува масовни ракетни и беспилотни удари врз критичната инфраструктура на Украина, оставајќи стотици илјади луѓе без електрична енергија, греење и водоснабдување, користејќи ги суровите зимски студови.

 


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ | Дозволено е преземање со атрибуција и линк до изворот: CC BY 4.0


Фото извор: Амбасада на Украина во РСМ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ