• Latest

Делчев: Од 1991 до денеска, синдикалните лидери секогаш беа со власта!

May 16, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Делчев: Од 1991 до денеска, синдикалните лидери секогаш беа со власта!

May 16, 2017 10:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Гоце Делчев, претседател на Независниот синдикат на полицијата (НСП), во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа ги потенцира проблемите со кои се соочуваат полицајците и како катастрофалното ниско ниво на стандардот на вработените во МВР – влијае врз безбедноста на граѓаните, но и на безбедносната ситуација во државата. Тој зборува за синдикалното организирање во специфичните услови во кои е организирана и работи полицијата, како и за следните чекори на НСП за подобрување на работните услови на полицајците и за средствата потрошени за обесштетување на обесправените полицајци кои ги добиле судските постапки против МВР.

Како што ни изјави Делчев, а што и Независниот синдикат непрекинато го потенцира – во последно време нема ни вода во одредени полициски станици, нема млеко и други намирници што им следуваат на припадниците на ЕБР и на ПЕП, нема соодветна опрема, чевли, чизми и нема некои основни средства за работа и за функционирање на полицијата.

„Горд сум што токму во овој временски период, јас како индивидуа, се вклучувам во вакво синдикално уредување, затоа што Македонија, наназад 25 години, исклучиво се базираше на еден синдикат (ССМ – н.з.). Тој синдикат, непрекинато, во континуитет, исклучиво беше со сите влади и власти што од 1991 до денеска… Синдикалната ‘власт’, заедно со власта, работеше против интересот на работникот!“, додавајќи дека во моментов, граѓаните имаат избор меѓу повеќе синдикални конфедерации, преку кои можат да си ги остварат и заштитат своите работнички права.

„Очите на граѓаните во последните неколку години се директно вперени во сето она што се случува во МВР… Затоа е исклучително значајно, на секој вработен во МВР, според сите стандарди кои ги пропишуваа Законот за внатрешни работи, законот за полиција, ЗРО и особено Колективниот договор, да му се овозможат работничките права. И според Уставот, и според европските и светските нормативи за начинот на функционирање на вработените во полицијата…“, рече Делчев.

 

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Маја Ивановска


Интервјуто е дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: Гоце ДелчевЕБРНезависен синдикат на полицијатаПЕПполицијаССМуслови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ