• Latest

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026 10:45
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите на Македонија го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија на 7 јули во Europe House во Скопје. Со новиот кодекс се прави обид за унапредување на професионалните и етичките стандарди во новинарството и зајакнување на довербата на јавноста во медиумите.

„Новиот Кодекс е резултат на процес што се спроведуваше во рамките на проектот ‘Јакнење на етичките стандарди за поголема доверба во медиумите’, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас“, објави ЗНМ.

Според соопштението на ЗНМ, со новиот Кодекс, новинарската заедница добива современа етичка рамка која одговара на дигиталната ера, но истовремено ги задржува основните принципи на професијата: точност, проверка, независност, одговорност, заштита на човековото достоинство и работа во јавен интерес.

Една од новините во кодексот е регулирањето на употребата на вештачката интелигенција. Во член 16 од новиот Кодекс стои:

Создавањето новинарска содржина со вештачка интелигенција мора да биде јасно означено. Новинарот е целосно одговорен за точноста на информациите и интегритетот на медиумскиот производ. Неприфатливо е користење вештачка интелигенција за создавање или ширење лажни, манипулативни или суштински изменети содржини, кои можат да ја доведат јавноста во заблуда. Новинарскиот производ не смее да претставува целосно генерирана содржина од вештачка интелигенција.

Кодексот на новинарите на Македонија е достапен на веб-страниците на ЗНМ и МИМ на македонски, а на посебен линк е објавен во еден документ со осум јазични верзии.

Б. Ј.

 


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ