• Latest
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026 17:22
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот агресор продолжи со масовни напади врз украинските градови и енергетската инфраструктура, предизвикувајќи нови цивилни жртви и прекини во снабдувањето со струја. Само на 16 октомври загинаа најмалку осум лица, а 60 беа повредени. Нападите продолжија и во ноќта кон 17 октомври, со нови напади врз станбени квартови и енергетски објекти.

16 октомври: Загинати цивили, погодени трговски центри и прехранбен објект

Во Харкив загинаа 71-годишна жена и 58-годишен маж. По двајца загинати беа пријавени во Краматорск и Днипропетровската област.

Во Волинската област, руски дрон погоди објект за преработка на храна, убивајќи едно лице и ранувајќи осум. Нападите продолжија во текот на денот: во Ковел беше погоден царински терминал и изгореа околу десет камиони.

Погодени беа и трговски центри во Суми и Ривненската област. Во нападите во Ривне загина едно лице, а седум беа повредени. Ударите врз електроенергетската мрежа оставија повеќе од милион луѓе без струја. Подоцна Министерството за енергетика соопшти дека снабдувањето е обновено за над милион луѓе, но не беше јасно колкумина сè уште останале без електрична енергија.

17 октомври: Бомби врз станбени згради, загинат возач на итната помош

Во Словјанск, рускиот агресор нападна станбен кварт со авиобомби ФАБ-250. Според локалните власти, загина едно лице, а десет беа повредени. Оштетени се осум станбени згради, од кои две делумно се урнати. Спасувачите пребаруваа под урнатините поради можноста таму да има затрупани луѓе.

Во Херсон, при воздушен напад врз Корабелниот реон, загина 64-годишен возач на службата за итна медицинска помош.

Според Воздухопловните сили на Украина, ноќниот напад вклучувал 332 дронови, четири крстосувачки ракети „Калибр“, како и ракети „Искандер-М“/КН-23 и Х-22/32. Пријавени се 293 неутрализирани цели — 289 дронови и четирите ракети „Калибр“. Регистрирани се погодоци на 22 локации.

Дир: Нападнати повеќе од 15 важни енергетски објекти

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, во објава на платформата X порача:

„Претходниот ден русите извршија еден од најголемите напади врз украинската енергетска инфраструктура: беа нападнати повеќе од 15 важни објекти за производство и пренос на електрична енергија во различни региони на Украина. Во тек се работите за обновување. #StopRussianAggression“.

Претходниот ден русите извршија еден од најголемите напади врз украинската енергетска инфраструктура: беа нападнати повеќе од 15 важни објекти за производство и пренос на електрична енергија во различни региони на Украина. Во тек се работите за обновување.
#StopRussianAggression https://t.co/eF1JEmLC9O

— Larysa Dir (@dir_larysa) October 17, 2026

И претседателот Володимир Зеленски на 17 октомври соопшти дека претходниот ден биле нападнати повеќе од 15 клучни објекти за производство и пренос на струја, оценувајќи го нападот како еден од најголемите врз украинската енергетика.

Според Министерството за енергетика, во ноќта и утрото на 17 октомври биле нападнати енергетски објекти во десет области. Екипите обновуваат снабдување таму каде што безбедноста го дозволува тоа, додека воздушните тревоги и опасноста од повторни удари ги отежнуваат поправките.

Мисијата на ОН за човекови права предупреди дека систематските напади врз електричната и топлинската инфраструктура пред зимата предизвикуваат тешки последици за цивилното население. Во септември потврди 328 загинати и 2.105 повредени цивили, вкупно 85 отсто повеќе отколку во септември 2025 година.

ЦМ Деск

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ