Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, ќе се соочат во вториот круг од предвремените локални избори за градоначалник на Брвеница на 1 ноември.
Според објавените податоци на Државната изборна комисија (ДИК), Радически освои 2.943 гласа, односно 38,90 отсто, додека Јахиј доби 2.152 гласа или 28,45 отсто. На третото место е Јакуп Хусеини од ВЛЕН со 1.528 гласа, а кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Јовица Радески, освои 706 гласа. Независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи добија 55, односно 21 глас.
На изборите гласале 7.565 од вкупно 16.256 запишани избирачи, што претставува излезност од 46,56 отсто. Регистрирани се 160 неважечки ливчиња.
Предвремените избори беа распишани по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни 2026 година, на 58-годишна возраст.
Според информациите од МВР првиот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница поминал без инциденти и нарушување на јавниот ред и мир.
Б. Јордановска
ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.
Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.
Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.
Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.












