Ексминистерот за здравство, Никола Тодоров денеска на пладне во 12.05 часот е физички нападнат во близина на Министерството за здравство, а напаѓачот е веќе приведен, соопшти МВР.
„Напаѓачот е веднаш приведен, се наоѓа на распит во полиција. Во моментов, не располагаме со детали за мотивите за овој физички напад“, ни изјавија од Одделот за односи со јавност на МВР.