• Latest

Се скина лентата…

June 20, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Се скина лентата…

June 20, 2017 12:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека ги чека автопатиштата од „5 милиони евра за километар“, Македонија остана заталкана на селските џадиња што водат во далечното минато… На фаќачите сеир им остана „утехата“ што ни Груевски, ете, не успеа да патува по нов автопат до Охрид или на Халкидики, со мерцедесот од 600.000 евра… Macedonia priceless!   

Пишува: Синиша Станковиќ  

Се уриваат кулисите од снимањето на единаесетогодишната блуткава, лимонада-серија, со налудничаво сценарио за планот за 100-годишно владеење на „најмакедонската“ партија, за менување на националниот идентитет и за билдање на нов, по троа краден и за алчното, без срам и исаф – грабање на поранешните голтари, ојлевци-дојлевци и натрапници без име и семселе, чија единствена нација, идеологија и религија беше и е – пленот од арамилакот, а единствена емоција која можеа да ја почувствуваат е оргазмичното, илјадапати повторено, пребројување на ќарот, со валканите, некогаш и крвави раце…

Се срчоса фамата за недопирливоста на цела деценија – безотчетните „газди“ (читај: коркачи кои бегаа и од помислата на соочување со јавноста која вулгарно ја лажеа, или, скраја да е – да излезат на фер мегдан со политички противник или на нережирано интервју со новинар со рбет и мозок), фијаско доживеа хоророт, во кој главни ѕвезди беа роднините и кумовите од Фамилијата, а граѓан(к)ите, со чест на исклучоците, беа главно, во улога на жртви или на неми статисти во илјадниците епизоди…

„Добро, крадат, бајаги крадат, ама, и градат, бе!“, беше идиотската мантра на бранителите на злосторничката организација што ја запусти Македонија, кои онака седнати на гајби пред гранапчињата (со пиво и „мортадела“, па само со пиво, па на крајот со шишето ракија, од домашни резерви, „на голо“…) со години го вртеа истиот муабет: за светскиот заговор против Македонија и православието, за освојувањата на Цанде Бабачко, кој немало шанси да имал љубовник, оти е наш, а ако, прости му Боже, имал – е, тогаш, на Грците да им го оставиме, или, за широкиот дијапазон на светски геостратешки лупинзи: од плановите на НАТО и ЕУ во кои Македонија е неизбежна, до есенцијалната важност на славјанскиот фактор, поради која браќата Руси нема да ги изневерат ни оние кои со цевките дошле преку Дунав, ни новите, антички Македонци, вљубеници во Ердоган…

Ама, се скина лентата… Секојдневно се уриваат кулисите и зад нив, еруптивно избива соголената лага. Белки, за кус период, кај оние кои не успеаја да избегаат од татковината, ќе дојде до осознавање на реалноста за дното кое го допре Македонија. Додека заблудените поддржувачи на Фамилијата, лека-полека се освестуваат колку и како ги (из)дриблале, а едно чудо ликови меѓу „победниците“, се препукуваат кој е позаслужен и каква награда, концесиичка или орден треба да примат, обичните смртници главно, ѕебнат од страв. Прво, пу, пу да не се врати доскорешното, а второ, дали „новиве“ ќе ги остварат ветувањата? И како, со празни раце, џебови, буџети? Навистина, како понатаму?

Ај, прво, сериозно: доколку не се одлепат/паднат самите, фушерајските, стиропорни фасади ќе мора да се излупат од зградите, особено ако навистина се толку опасни во поглед на можни пожари. Ај, потоа, на шега: восокот од фигурите од Музејот (според предлогот на Ј. Петровски) можеби може да се искористи за бесплатна депилација на скопјанките и на метросексуалците, ѓоа-спомениците од морничавиот панаѓур „Скопје 2014“ сигурно може и поефтино да се дислоцираат и пренаменат (Криволак душа дал за нова туристичка дестинација, замислете: ролеркостери од Прометеј со гаќите – на врвот, до Нуркачката – на дното, со висинска разлика од 200 метри, или, со 100 км/час меѓу жални врби во бетонски коцки и смрзнати палми завиткани во ќебиња, меѓу заринкани кораби и Шмизли и ергела коњи, или, тунели на стравот ем ужасот, во кои пред очи одеднаш ви излетуваат Ќосето со ножот, „Албиното“, родео јавачот што пука во земја, заб’равам му името…), а во визбите на објектите покрај Вардар може да се одгледуваат риби или барем, печурки… Деновиве, прочитав на Мрежата дека добива поддршка една стара идеја која ја туркавме пред неколку години – Воинот сосе коњот, да им го подариме на јужните соседи, а тие, подарокот, во име на заедничката, светска историја, да го постават во Пела (или ајде, на Халкидики, за евентуален аџилак на дел од досегашните властодршци, онака патем). Плус, гратис – Филип и фонтаната со Олимпија…

Само, не е времево ни за црн хумор… Допрва ќе боли до коска соочувањето со блиското минато. Судот ќе си донесе пресуда дали е во право СЈО и дали е виновен првоосомничениот во случајот „Траекторија“, Никола Груевски, за злоупотреба на службената положба и местење на тендерот за изведувач на автопатиштата Миладиновци – Штип (требаше да биде отворен на 1 мај) и Кичево – Охрид, (до февруари 2018), кои ги гради кинеска фирма, со кредит од кинеска банка од 500 милиони евра. И, дали со ексминистерот Јанакиески и вицепремиерот Пешевски го оштетиле буџетот за сума од 155 милиони евра! Благодарам на прашањето, по „Скопје 2014“, на сè свикнавме…, и затоа, се надевам, дека судот ќе ја расчисти и дилемата од „бомбите“ – да не е многу „5 отсто на целото…“. Или, над 5 милиони евра за километар пат! (Плус, поради доцнењето, само за курсни разлики Македонија ќе треба на банката да ѝ плати – плус 17 милиони евра).

Но, ако е вистина дека повеќемесечниот застој на изградбата на двата автопата е „резултат на грешки во проектирањето, ненавремено решавање на имотно-правни односи на првиот и изместување на трасата на вториот автопат“, и дека поради проблемите и грешките, според првичните проценки, штетата се проценува на дополнителни, околу 100 милиони евра, аман бе, се работи за навреда на интелигенцијата на сите жители на државава, од чиј џеб ќе се покрие лудилото!

Или, можеби тоа и требаше да очекуваме, зашто, според медиумите, Груевски во една прилика изјави дека просечниот Македонец е позаинтересиран за локални, отколку за автопатишта… Си знае човекот до кое дереџе го дотерало неговото владеење – да нема ни за автомобил, ни за бензин, ни за пат во странство, па, чуму му се автопатишта?

Tags: „Скопје 2014“автопатиштаКичево - ОхридКриволакМиладиновци - ШтипНикола ГруевскиТраекторија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ